Зошто пивото е добро за вашето здравје?
Ако уживате во ладно пиво, особено во летните горештини, имаме добри вести за вас! Овој пијалак му користи на нашето тело, ако се консумира во умерени количини.
Претерувањето со алкохол не се препорачува, бидејќи може да му наштети на организмот. Сепак, одговорното пиење на пиво од време на време има свои придобивки.
Еве зошто е здраво пивото:
Ги зајакнува коските
Секако дека млекото е основа на силни коски, но и пивото може да ни помогне. Силициумот во пивото помага во одржување на јаки коски, како и ткивото што ги поврзува.
Овие состојки се толку силни што имаат и долгорочен ефект за спречување на остеопороза.
Спречува дијабетес
Луѓето кои пијат до шест пива неделно ги намалуваат шансите за развој на дијабетес. Сепак, внимавајте колку калории има видот што го пиете.
Добро е за срцето
Овде повторно станува збор за одговорно консумирање. Луѓето што пијат најмногу една чаша пиво на ден го подобруваат работењето на срцето. Алкохолот може да ја зголеми количината на добар холестерол, но само во многу мали количини.
Има антиинфламаторно дејство
Луѓето кои одговорно консумираат пиво имаат помала веројатност да развијат карцином и срцеви заболувања, заради неговите антиинфламаторни својства.
Добрата вест е дека безалкохолното пиво, исто така, има исти својства. Постојат и истражувања кои покажале дека пивото го спречува артритисот.
Ги чува очите
Да, секако дека ова звучи смешно, ако земете предвид дека премногу алкохол го заматува нашиот вид. Доколку консумирате една чаша пиво на ден, ова може да го спречи катарактот на очите, благодарение на моќните антиоксиданти кои се наоѓаат во пивото.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:


