5 освежувачки пијалаци кои ќе ве разладат во жешките летни денови и ноќи
Температурите секојдневно се зголемуваат за неколку степени, а тоа значи дека губиме повеќе течности и потребна ни е дополнителна хидратација на телото.
Има ли подобра идеја од ладен освежителен пијалак со многу мраз за време на летните денови и ноќи?
Имаме 5 вкусни предлози кои ќе посакате да ги направите и вкусите веднаш:
Кокосова вода
Добрата вест е што кокосовата вода сè почесто ја носат во нашите продавници. Сепак, внимателно читајте го составот на декларацијата. Потребна ви е кокосова вода која нема додатни шеќери во вкусот. Послужете со многу мраз и уживајте.
Прочитајте за бројните придобивки од редовното консумирање на кокосовата вода.
Лимонада со свежа краставица
Вода, лимон и краставица. Звучи едноставно, но резултатот е прилично воодушевувачки со многу придобивки.
Освен што ќе бидете добро хидрирани, ќе ви помогне и во процесот на слабеење, бидејќи содржи многу помалку калории од сокови и други зашеќерени пијалаци. Содржи анти оксиданти, кожата ќе ви блеска, а самиот пијалак е богат со витамин Ц, Б5, К, манган и бета каротен.
Овошно смути
Најдоброто нешто за време на летниот период е огромниот избор на свежо, вкусно овошје. Измешајте неколку овошја по вкус со нискомаслено млеко, јогурт или павлака, додадете мраз, измиксирајте во блендер и уживајте.
Леден чај
Заборавете на готовите пакувани ледени чаеви. Најдобра варијанта е да си направите сами. Сварете чај по вкус и добро оладете го. Додадете мраз, лимон, свежо нане и други вкусни додатоци кои ќе го зачинат чајот со дополнителна нота освежување.
Безалкохолна сангрија
Познато е дека алкохолот дополнително ја крева температурата, па доколку сакате да се освежите со овој традиционален шпански пијалак тогаш избегнете ја оваа состојка.
Измешајте јаболка, портокали, лимони и ситно црвено овошје. Основата на пијалакот нека биде сок од грозје, капини или вишни. Добро оладете пред послужување.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





