Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кокосова вода - бројни придобивки со секоја голтка

Кокосовата вода е всушност сокот кој се наоѓа во внатрешноста на младите, зелени и неоштетени кокоси, а се одвојува од нив откако ќе достигнат 5-7 месечна зрелост.

kokosova-voda-brojni-pridobivki-so-sekoja-goltka-1.jpg

Таа е една од најпознатите освежителни пијалаци на природата, позната по своите неверојатно хранливи и здравствени својства.

Кокосовата вода е бистра, слатка течност во чиј состав спаѓаат шеќери, витамини, минерали, електролити, ензими, аминокиселини и цитокини.

Водата од кокос е нискокалорична и содржи само 39 калории на 100 ml.

Во зависност од видот, односно сортата и големината, секој кокос може да содржи околу 200 до 1000 ml вода.

Се одгледуваат во тропските предели, а нивниот вкус и оној на кокосовата вода варираат во зависност од соленоста на водата во почвата, оддалеченоста на брегот од морето, климата итн.

Кокосовата вода е можеби најдобрата замена за обична вода. Таа содржи глукоза и корисни шеќери кои ги надоместуваат минералите и течностите изгубени за време на физичката активност. Одлична е за третирање на дехидратација предизвикана од дизентерија, колера и други цревни проблеми.

Содржи високо ниво на цитокини и лауринска киселина, две важни хранливи материи кои влијаат на процесот на раст и регулирање на клетките. Високото ниво на антиоксиданти во комбинација со антитромботичните својства на кокосовата вода го намалуваат стареењето на кожата и ја одржуваат хидрирана и здрава.

kokosova-voda-brojni-pridobivki-so-sekoja-goltka-2.jpg

Кокосовата вода му го враќа сјајот на вашето уморно лице. Редовното консумирање резултира во здрав и беспрекорен тен. Таа воедно блокира околу 20% од штетните ултравиолетови зраци и може да го спречи ракот на кожата.

Високото ниво на калиум и магнезиум во кокосовата вода им помага на луѓето кои страдаат од крвен притисок и срцеви заболувања.

Таа придонесува за подобра циркулацијата на крвта во телото и може да ја спречи појавата на мозочен удар. Истовремено, го контролира нивото на лошиот холестерол во крвта, а го подобрува добриот, поради незаситените масти во својот состав.

Ја подобрува и циркулацијата на крвта во скалпот, ги зајакнува фоликулите на влакната и спречува паѓање на косата.

Биоактивните ензими во кокосовата вода го олеснуваат варењето на храната и придонесуваат побрза апсорпција на хранливи материи. Кокосовата вода воедно го намалува чувството на повраќање и гадење.

Го потпомага губењето на килограмите и намалувањето на телесната тежина, а особено е делотворна во уништувањето на висцералните масти, оние кои се таложат на стомакот.

Диуретичните својства на кокосовата вода придонесуваат за лекување на инфекции на уринарниот тракт,
односно ги уништуваат штетните бактерии и вируси.

Кокосовата вода е одлично средство за плакнење на усната шуплина, а го подобрува и здравјето на забите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg