Кои познати личности не пијат кафе и зошто?

Некои поради тоа што лошо им влијае на менталното здравје, други поради тоа што сметаат дека им ја старее кожата.

koi-poznati-lichnosti-ne-pijat-kafe-i-zoshto-01.jpg

Поголемиот дел од луѓето најдобро се чувствуваат кога по станувањето ќе се напијат шолја кафе, а животот не можат да си го замислат без кофеин.

Но, постојат и луѓето кои воопшто не консумираат кофеин, а меѓу нив се и дел од познатите личности.

Кои познати личности не пијат кафе (или пијат многу ретко) и зошто:

Џенифер Лопез не пие кафе затоа што смета дека негативно влијае врз нејзината кожа и ѝ ја прави постара.

koi-poznati-lichnosti-ne-pijat-kafe-i-zoshto-02.jpg

Ким Кардашијан вели дека пие кафе само кога се чувствува сосема истоштено и тоа е најмногу еднаш месечно.

koi-poznati-lichnosti-ne-pijat-kafe-i-zoshto-03.jpg

Џим Кери избегнува кофеин поради проблемите со менталното здравје, а се придржува и на правилото без алкохол, без дрога.

koi-poznati-lichnosti-ne-pijat-kafe-i-zoshto-04.jpg

Доналд Трамп престанал да пие кафе откако починал неговиот брат во 1981 година од алкохолизам, но зависен е од газирани пијалаци со кофеин.

koi-poznati-lichnosti-ne-pijat-kafe-i-zoshto-05.jpg

Наоми Кемпбел наместо кафе пие шолја зелен чај и вели дека не ѝ се допаѓа мирисот на кафето.

koi-poznati-lichnosti-ne-pijat-kafe-i-zoshto-08.jpg

Криси Тајген не консумира кафе затоа што тоа прави да се чувствува раздразнето.

koi-poznati-lichnosti-ne-pijat-kafe-i-zoshto-07.jpg

Блејкл Лајвли вели дека наместо кафе консумира топло чоколадо, но ако е направено со многу млеко и е квалитетно, тогаш може да се напие шолја капучино.

koi-poznati-lichnosti-ne-pijat-kafe-i-zoshto-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg