7 природни сокови кои ќе ве спасат од кршливи нокти, опаѓање на косата и несоница
Кога се соочувате со проблеми од овој тип најлесно е да посегнете по суплементи и да ги голтнете со чаша вода. Генералното мислење е – што повеќе суплементи и додатоци во исхраната од овој тип, тоа подобро.
Па така завршувате со витамин Ц, витамин Е, цинк, магнезиум, железо, селен и што уште не. Одвај имате место од толку многу таблети и капсули кои ги употребувате како додатоци.
Но, со причина природното е секогаш најдобро. Ви предлагаме 10 здрави сокови кои се подготвуваат брзо и лесно, а изобилуваат со витамини.
Ќе ви ја дадат потребната енергија i ќе ве ревитализираат. Вашите нокти и коса никогаш нема да изгледаат поздраво и посјајно, а вашиот сон помирен со помош на овие 10 природни здрави пијалаци:
Спанаќ + банана + лимон
Едноставна, но моќна комбинација поради која телото ќе ви биде благодарно. Измешајте 350 ml вода, 3 банани, полна рака (или повеќе според вкусот) спанаќ и сок од половина лимон или зелена лимета во блендер додека добро не се изедначат.
Морков + јаболко + ѓумбир + банана + портокал + нане
Доволно е да ги погледнете само боите на состојките и расположението ќе ви се подобри веднаш. Замислете го вкусот на: 2 моркови, 2 зелени јаболка, парче свеж ѓумбир, 2 банани, 1 портокал и неколку ливчиња свежо нане. Блендирајте додека не добиете густ сок кој ќе го поделите со уште еден, бидејќи состојките се доволни за 2 пијалаци.
Бразилски ореви + магдонос +мед + ѓумбир + суво грозје
Овој напиток ќе го победи уморот и летаргичноста, а ќе направи чудо за вашата кожа, коса и нокти. Помешајте рака бразилски ореви и свеж магдонос во блендер.
Додадете природен мед, суво грозје и ѓумбир во прав. Доколку смесата ви е премногу густа слободно разредете ја со малку вода и консумирајте го магичниот напиток 2-3 пати неделно.
Краставица + спанаќ + ананас + зелен чај + лимон + ѓумбир
Зелениот чај е основата на овој здрав пијалак полн антиоксиданти и витамини. Блендирајте ги состојките додека сокот добро не се изедначи. Потребно ви е 1 краставица, 2 полни раце спанаќ, 2 шолји сечкан свеж ананас, шолја зелен чај, сок од половина лимон и малку рендан свеж ѓумбир.
Цитрон + ленено семе + јагоди + грозје + авокадо + банана + лимон
Пијалакот е богат во многу витамн Ц кој го пообрува имунитетот и целокупната здравствена состојба и изгледот на телото.
Почнете со 2 лажици мелено ленено семе и додадете половина цитрон, околу 15 јаготки, неколку грозјенца без семки, половина авокадо, една банана и сок од половина лимон или лимета. Добро блендирајте.
Морков + домати + целер + маслиново масло + сол + бибер
Изблендирајте едне морков, 2 зрели домати, 1 страк целер, 1 мала лажичка маслиново масло, сол и бибер по вкус. Идејата за солен енергетски пијалак можеби изгледа чудна, но ќе почувствувате вистинска разлика по консумирањето. Ова е течен оброк во чаша полн витамини!
Киви + круша + магдонос + банана
Кивито е преполно витамини и минерали (витамин А, витамини од Б групата, витамин Ц и Е како и калциум, магнезиум, фосфор). Измешајте 3 киви, една голема слатка круша, полна рака свеж магдонос, половина банана и 250 ml вода. Добро блендирајте и уживајте во пијалакот.
(О)Милена | Црнобело