3 варијации на Мохито - кралот на летните коктели

Веројатно сите ги знаеме состојките за подготовка на најомилениот освежувачки летен коктел. Мохитото, коктел со потекло од Куба, е мешавина од бел рум, газирана вода, многу ливчиња свежо нане, лимета, малку шеќер и мраз.

3-varijacii-na-Mohito-01.jpg

Оние кои преферираат посладок вкус на Мохитото може да употребат Спрајт, наместо газирана вода.

Што е најдобро кај Мохитото? Што состојките се лесно достапни, а се прави брзо и лесно. Не мора да сте некој коктел мајстор за да си подготвите совршено Мохито освежување.

Ви предлагаме 3 подеднакво вкусни варијации на основната верзија Мохито за совршено летно освежување, апсолутни победници на секоја забава или лежерно опуштање:

Темно мохито

Наместо бел рум, употребете 60 мл. темен рум.

Потребни ви се уште:

  • 8 ливчиња свежо нане,
  • 2 лажички кафеав шеќер,
  • сок од половина лимета и
  • газирана вода.

Ливчињата нане, сокот од лимета и кафеавиот шеќер нежно се гмечат со помош на толчник на дното од поголема чаша. Се додава кршен мраз, рум и газирана вода или Спрајт.

Декорирајте со ливчиња нане и/или парченца зелена лимета.

3-varijacii-na-Mohito-02.jpg

Мохито јагода

Време е да се искористи сезоната на јагодите. Поради слаткоста на вкусното овошје и ликерот, во оваа варијација Мохито пожелно е да ги изоставите кафеавиот шеќер и Спрајтот.

Потребни ви се:

  • 6 свежи јагоди,
  • 15 ml ликер од јагода,
  • 60 ml бел рум,
  • нане, сок од лимета, мраз.

На дното од изладена чаша со поголемо дно се гмечат свежите јагоди со нането, сокот од лимета и ликерот од јагоди.

Се додава мраз, бел рум и газирана вода. Декорирајте со ливчиња нане и парченца јаготки.

3-varijacii-na-Mohito-03.jpg

Мохито кокос

Кога ќе го вкусите неизбежно ќе помислите на плажа, море и сонце. Идеално избалансиран вкус на кокос и основната верзија Мохито, а ова е сé што ви треба за подготовка:

  • 6 ливчиња свежо нане,
  • 3 парчиња лимета,
  • 1 лажичка кафеав шеќер,
  • 40 ml бел рум,
  • 20 ml Малибу кокосов рум (или ликер од кокос во количина од 15 ml.),
  • мраз, газирана вода.

Измешајте ги ливчињата нане со лиметата и кафеавиот шеќер на дното од чашата со гмечење. Додадете бел рум, кокосов рум или ликер од кокос, многу кршен мраз и добро измешајте. На крајот додадете газирана вода и декорирајте по желба.

3-varijacii-na-Mohito-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg