Правила за забава: На што (не) смее да штедите кога подготвувате коктели дома?
Поскапо ќе го платите купот лоши коктели од евтини состојки, бидејќи никој нема да ги пие.
Сите сме биле на домашни забави, каде иако домаќинот се потрудил да направи коктели по рецепт на најпознатите мајстори, сепак, во домашна варијанта не биле ни приближно вкусни како тие во кафулињата.
Коктелот може да биде фијаско од повеќе причини, а најчестата е штедењето на состојките кои им даваат препознатлив вкус на култните пијалаци. Па, не за џабе коктелите имаат толку висока цена во баровите, зар не?
Затоа, пред забавата, добро размислете дали навистина сакате да ги изненадите гостите со атрактивните и шарени пијалаци. Оние што ќе бидат вредни за восхит, сепак и ќе ве чинат повеќе.
Доколку се одлучите на тој потфат, запомнете ги нашите правила и не штедете на погрешните состојки:
1. Вложете најмногу пари во вкусот кој ја сочинува базата
Не е важно дали се работи за Космополитен, Маргарита, Мохито или Негрони...Секој коктел има своја база, а тоа е алкохолниот пијалак кој доминира над сите останати вкусови. Ако основниот пијалак е лош, ништо нема да може да го спаси коктелот. Затоа, никогаш не се обидувајте да заштедите некој денар на вотката, белиот рум, вискито, текилата и сличните пијалаци.
2. Соковите и сирупите може да бидат поевтини, ако се вкусни
Дозволено е да штедите на соковите или сирупите што ќе ги додадете во коктелите, но постои еден предуслов. Користете ги само оние кои се веќе испробани и вкусни.
3. Подгответе мраз
Млака чаша = блуткав коктел. Припремете доволно мраз за сите коктели што ќе ги правите во текот на вечерта.
4. Не заборавајте на овошјето, билките и зачините
Ништо не може да ги замени ливчињата нане во Мохитото, како ни парчето лимон во коктелите со виски. Не заборавајте да ги купите овие важни состојки, кои му даваат вкус на коктелот, а притоа служат и како украс.
5. Следете го рецептот
Коктелите се како колачите – добри се единствено кога рецептот се следи со особена прецизност и вниманиe. Не испробувајте сопствени мешавини, затоа што може да им се слоши на гостите.
6. Најдете си помошник
За работите побргу да течат, нека ви се најдат при рака пријателката, партнерот или некој од гостите како помошен персонал. Нема смисла неколку луѓе да си потпивнуваат коктел, додека другите ве чекаат да исечкате лимета веќе половина час.
На здравје и уживајте во забавата!
М. А. | Црнобело