9 трикови со кои обичното кафе ќе добие посебен шмек
Понекогаш, на сите ни здосадува обичното кафе што секојдневно си го подготвуваме на истиот начин и сакаме да пробаме нешто малку поразлично.
А, за да направите убаво кафе, мора да знаете неколку трикови кои ние ќе ви ги откриеме.
1. Загрејте пола лажичка шеќер на тивко и измешајте со кафето, а потоа додадете ја и водата. Карамелизираниот шеќер ќе му даде на пијалакот посебен вкус и арома.
2. За да го претурите кафето без талог, ставете една лажичка ладна вода во ѓезвето со кафе и почекајте половина минута.
3. Што може да биде подобро од ладно кафе во топол ден? Но, наместо да го ладите со коцки мраз, што го уништуваат вкусот на кафето, има многу подобар начин.
Направете една шолја кафе, истурете во калапи за мраз и замрзнете го. Потоа, додадете неколку коцки кафе во млекото и уживајте во освежителниот коктел.
4. Во комбинација со зачини, кафето добива совршен вкус. Ставете во ѓезвето со кафе малку ѓумбир, морско оревче или стапче цимет и загрејте на тивко. Уживајте во прекрасниот мирис!
5. Додадете 2-3 мали кристалчиња сол во кафето за да го подобри и омекне вкусот на кафето.
6. Ако сакате да добиете појак вкус, тргнете го ѓезвето од оган веднаш штом кафето ќе почне да врие и да се подига. Отстранете ја пената од кафе и повторно ставете го на оган. Најдобро е ова да го повторите 3 пати.
7. Сите сме научени дека кафето само можеме да го пиеме и толку! Но, со кафето може да направиме и сладолед и да нѐ освежи во топлите летни денови.
8. Доколку сакате кафето да биде помеко на вкус, додадете половина лажичка путер додека го варите.
9. За оние кои сакаат безкофеинско кафе, додадете малку семе од кардамон во ѓезвето. Овој зачин го уништува кофеинот, без притоа да му наштети на квалитетот на кафето, а и му дава зачинета арома.
М. М. | Црнобело