Разладување со вкусни коктели од пиво
Пивото е посебно вкусно во летните денови, кога се што сакате е една голема кригла со совршена доза на пена и меурчиња.
Но, пивото најчесто се пие чисто, па многумина не се обиделе да го послужат како основа на коктел.
За летното разладување да добие поинаква арома, ви ги предлагаме овие пивски коктели:
Пиво со вотка и лимон
Во блендер ставете неколку коцки мраз, додајте 200ml сок од лимон и 350ml вотка и светло пиво. Се измешајте во блендер и послужете во оладени чаши.
Лубеница со пиво
Исчистете околу 3 килограми лубеница, а потоа измиксирајте ја во блендер. Додајте малку шеќер и мешајте додека не се растопи. Кога ќе биде готово, ставете да отстои 1-2 часа во фрижидер. Додајте овошен ликер по желба и 1,5 литар светло пиво. Послужете со мраз.
Карипски ликер со јаболко
Измешајте 40ml рум со 30ml сок од јаболко и 15ml сок од лимон. Ставете во чаша и прелијте со светло пиво. Декорирајте со парче јаболко и цимет по желба.
Muddy Puddle
Земете една чаша за пиво и по страните ставете малку шербет, а потоа на него залепете неколку издробени кикирики. Измешајте 90ml црно кафе со 40ml бурбон и прелијте со 120ml темно пиво.
Ирска бомба
Ставете 15ml Бејлис ликер и 15ml виски во мала чашка за ракија. Малата чаша ставете ја во една кригла и прелијте со 1 мало темно пиво.