Како се подготвува и зошто се пие медената вода?
На сите ни се познати корисните особини на медот, но ретко кој знае дека голема корист може да има ако медот го измеша со малку вода.
Како се подготвува медената вода?
Во 250ml вода на собна температура се меша 1 полна кафена лажичка природен мед. Самиот добиен раствор се нарекува медена вода.
Што содржи медената вода?
Кога ги спојувате овие 2 состојки, се создава соединение кои ги содржи овие состојки:
- Ензими
- Амино киселини
- Билни протеини
- Билни јаглехидрати
- Флавоноиди
- Витамин А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9 и Ц
- Магнезиум
- Калиум
- Железо
- Калциум
- Силициум
- Фосфор
- Цинк
- Бакар
- Манган
Како се пие медената вода?
Најпрво, важно е да е свежо подготвена. Никогаш не треба да ја подготвувате ден однапред.
Треба да ја пиете минимум еднаш, а препорачливо е и два пати дневно, секој ден.
Наутро би требало да ја пиете пред појадокот, а навечер по вечерата.
Зошто е добро да ја пиете медената вода?
- Активно и ефикасно прави детоксикација на организмот
- Ја чисти крвта и ја збогатува со хранливи состојки
- Ефикасно го намалува нивото на лош холестерол и триглицериди
- Ја зајакнува еластичноста на крвните садови
- Го спречува настанувањето на срцеви заболувања
- Делува како антибактериско и антивирусно средство
- Делува против воспаленија во организмот
- Ја подобрува функцијата на цревата
- Го ослободува организмот од вишокот масни наслаги
- Позитивно влијае на здравјето на кожата, косата и ноктите
За последната придобивка, слободно можете да ја користите медената вода надворешно, поточно, неколку пати во неделата да направите купка или маска од мед и вода за косата, рацете или телото.