Не толку познати коктели кои вреди да се пробаат
Постојано слушаме како некој пробал или се сликал со Мохито, па Пина колада, па Космополитан и така листата продолжува со тие едни исти коктели кои постојано се вртат во круг и ќе речете како само тие да постојат.
Но, како што во светот на алкохолот постојат безброј видови на пијалаци, така и во егзотичниот свет на коктелите.
Еве неколку, кои иако не се толку познати, сепак вредат да се пробаат:
Бижу, коктел кој за првпат се појавил во книгата на Хери Џонсон, дури во далечната 1900та. Окарактеризиран со богат и луксузен вкус, токму поради неговиот тревен шарм некои го обожаваат додека пак други и не толку.
Составен од Лондон џин, сладок вермут, зелен Шартес (француски ликер) и сируп од портокал.
Хенки Пенки, со звучно и интересно име се надоврзува и интересна историја, односно овој коктел е создаден од група од жени кои во наводно поседувале свој бар. Како со жените, па така и со овој коктел се препорачува да се биде претпазлив.
Слично како Бижу и во рецептот на овој изум повторно има џин, вермут и Ферне-Бранка, тип на горчлив хербален ликер.
Пинк Лејди, со слатко име, всушност овој пијалак е како симбол на феминистките. Воопшто да не ве залажува нежното име, бидејќи овој коктел е се освен нежен, што дури и женствената боја нема никаква улога.
Сув џин, Ејлпџек (силен алкохолен пијалак создаден во колонијалниот период во Америка), лимонов сок, сируп, 1 белка од јајце и доколку сакате да го украсите, додадете вишна.
Лусијан Годан (фра. Lucien Gaudin), коктел кој своето име го добил по истоимениот француски атлетичар, во браншата на мечување, при што бил и Олимписки шампион. Што ги инспирирало оние што го измислиле коктелот да му го дадат токму ова име е непознато.
Составен од Коантро (ликер со вкус на портокал), Кампари аперитив карактеристичен по својот овошен и воден вкус на кои повторно се додава џин и вермут.
Последниот на листата е забавниот Манки Гленд. Класика на 20те години, овој коктел бил вистинскиот симбол и центарот на забавите.
Врз основата од свежо исцеден сок од портокал се додава џин, засладувач и апсинт познат по својата привлечна зелена боја со вкус на мастика.
Автор: Е.Г