Поздравете ја пролетта со коктели, ова се 3 од најдобрите во светот!
Кој рекол дека коктели се пијат само на лето? Точно, тоа правило не постои како ниту причината поради која не би ја поздравиле пролетта со коктели во рака.
Ова се 3 од најдобрите во светот, следете ги рецептите и подгответе ги уште денес!
Ладен чај Мохито
Ако сакате нешто класично, ладно и освежувачко, направете го ладниот чај Мохито кој се прави со чаша лимета, 4 листови нане, 2 лажици шеќер, шолја зелен ладен чај и една доза рум.
Помешајте ги лиметата, шеќерот и листовите нане за да можат истите да ја ослободат својата миризба и вкус, а потоа додајте ги чајот и румот.
Сипете во чаша со мраз и декорирајте со неколку листови нане.
Американо
Коктелот кој ќе ве воодушеви со својата црвена боја, а потоа со вкусот. Американо ќе стане вашиот омилен коктел после првата голтка.
Се прави со 2 дози Кампари, 2 чашки за ракија ароматизирано црвено вино, чаша тоник или газирана вода и сочно парче портокал.
Сипете ги состојките во чаша со мраз, почнувајќи од Кампарито, виното и на крај тоникот или газираната вода.
На крај ставете го парчето портокал на површината на коктелот.
Ел Диабло
Самото име на коктелот ви кажува дека се работи за нешто вкусно и опасно. Ел Диабло е привлечен за око, а богами и за пиење.
Се приготвува со 12 ml замрзнат лимета концентрат, 18 ml текила Бланко, 8 ml овошен ликер, 6 ml обична вода и 18 ml пиво.
Состојките измешајте ги во подлабока чаша за виски со мраз и декорирајте со неколку малини.