Чиа смути за здрава кожа
Смути оброците во чаша се секогаш добра идеја. Тие содржат многу здрави и свежи намирници и затоа лесно се варат, а нивната нутритивна вредност им е толку висока што ги прави одлична храна за појадок или вечера.
Чиа семето пак, нарекувано и како „супер храна“, во последно време е вистинска сензација. Тоа е најбогатиот ботанички извор на Омега 3 масни киселини, побогат и од рибиното масло, помага во борбата против слободните радикали, придонесува за блескав изглед на кожата, а што е најважно од сè - дава фасцинантно чувство.
Тоа содржи и 30% повеќе антиоксиданси од боровинките, а маслото од чиа исто така е богато со протеини, витамини А, B1, B2, B3, железо, магнезиум, калиум, фосфор, манган, бакар, молибден, ниацин и цинк.
Покрај сите други придобивки коишто ги нуди ова семе, чиа семето истовремено е одлично и како лек за болестите на кожата. Токму затоа, во последно време се користи и во козметичката индустрија како епохално откритие за нега на кожа.
Имајќи ги сите овие придобивки предвид, ви предлагаме едноставен рецепт за смути кој ќе ви даде енергија за целиот ден, а и ќе влијае неверојатно на вашата кожа.
Nutra Effects смути со чиа семе, банана и јагоди:
- 1 банана
- 2 мали лажици чиа семе
- 3-4 свежи јагоди
- 300 милилитри свежо млеко или јогурт, по желба
Сите овие состојки измешајте ги во блендер, и за помалку од 2 минути сами ќе си подготвите здрав и вкусен чиа оброк во чаша, кој ние го нарековме Nutra Effects, а истиот веќе е достапен и во некои од смути баровите во градот, како Juicy&Co.
На здравје!