Рецепт за евтин пијалак кој го топи салото
За време на зимските месеци обично се опуштаме со јадењето и накачуваме некој килограм плус кој после тоа ќе го симнуваме до јули.
За да не се грижите што задникот, бутовите и стомакот почна да ви се полни со масни наслаги, ви предлагаме евтин рецепт за пијалак кој го топи салото.
Потребни состојки:
- 1 лажица јаболков оцет
- ¼ лажичка лута мелена пиперка
- Сок и кора од 1 лимон
Подготовка:
Нарендајте ја кората од лимонот и прелијте ја со 240ml жешка вода. По 10 минути додајте го сокот од лимон, јаболковиот оцет и мелената пиперка.
Промешајте пред секоја голтка и пијте по 1 голтка пред и по секој оброк.
Мелената пиперка го подобрува варењето, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на масти.
Лимонот содржи соединенија кои го забавуваат таложењето на масти, а јаболковиот оцет делува како растворувач на масните наслаги.
Секако, со овој чудесен пијалак добро би било ако сте физички активни.