Брзи рецепти за топло чоколадо кои треба да ги пробате оваа зима

Меко ќебе, пријатно друштво и топло чоколадо кое ги грее рацете и срцето - дефиниција за совршен зимски ден!

brzi-recepti-za-toplo-cokolado-koi-mora-da-gi-probate-ovaa-zima-01.jpg

Сè што ви треба за да ја реализирате оваа зимска фантазија се најдобрите пријатели или партнерот и овие 5 чоколадни рецепти:

Топло чоколадо со путер од кикирики

Состојки: 1 шолја млеко, ¼ шолја хопла, ¼ шолја искршено темно чооколадо, 1 лажичка путер од кикирики, ¼ шолја маршмелоу бомбони.

Подготовка: Млекото и хоплата ставете ги во еден сад и загрејте ги, но не ги оставајте да зовријат. Кога млекото ќе почне да испарува, додајте го искршеното чоколадо. Мешајте додека не се растопи. На крај додадете го путерот и мешајте неколку минути. Послужете во голема шолја и одозгора внимателно наредете ги пенливите бомбони.

brzi-recepti-za-toplo-cokolado-koi-mora-da-gi-probate-ovaa-zima-02.jpg



Топло чоколадо со Нутела

Состојки: 1 шолја млеко, шлаг, Нутела и чоколаден прелив по желба.

Подготовка: Загрејте го млекото, додајте 1-2 лажички Нутела и мешајте додека не се растопи. Послужете во голема шолја, декорирајте со шлаг и малку чоколаден прелив.

brzi-recepti-za-toplo-cokolado-koi-mora-da-gi-probate-ovaa-zima-03.jpg



Топло чоколадо со алкохол

Состојки: 1 шолја млеко, 4-5 лажички инстант топло чоколадо, 4-5 лажици бурбон, коњак или виски, шлаг, рендано чоколадо.

Подготовка: Во мал сад загрејте го млекото и постепено додавајте го прашокот за топло чоколадо. Мешајте додека не почне за се згуснува. Тргнете го од оган и оставете го на собна температура околу 20 минути. Откако ќе се олади додадете го алкохолот, промешајте и декорирајте со шлаг и рендано чоколадо.

brzi-recepti-za-toplo-cokolado-koi-mora-da-gi-probate-ovaa-zima-04.jpg



Зачинето топло чоколадо

Состојки: 1 шолја млеко, ¼ шолја слатка павлака, ¼ темно чоколадо, ½ лажичка цимет и малку ѓумбир и екстракт од ванила.

Подготовка: Стоплете го млекото, додајте ја павлаката и мешајте додека не се соединат. Додајте го чоколадото и мешајте додека не добиете еднолична течност. Тргнете од оган, измешајте го екстрактот од ванила и зачинете.

brzi-recepti-za-toplo-cokolado-koi-mora-da-gi-probate-ovaa-zima-05.jpg



Бело топло чоколадо

Состојки: 1 шолја млеко, 1 лажица екстракт од ванила, 50g искршено бело чоколадо, шлаг за декорација.

Подготовка: Стоплете го млекото и додадете го чоколадото да се растопи. Мешајте неколку минути, а потоа додајте ја ванилата. Послужете во стаклена чаша, декорирајте со шлаг, маршмелоу бомбони или стапче цимет.

brzi-recepti-za-toplo-cokolado-koi-mora-da-gi-probate-ovaa-zima-06.jpg

Би можело да ве интересира:

4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg