6 грешки кои сите ги прават при подготовката на кафе

И покрај тоа што кафето се служи на речиси секое ќоше, неверојатно е тешко да го пронајдете она вистинското.

6-greski-koi-site-gi-pravat-pri-podgotovkata-na-kafe-01.jpg

Најчесто се случува на омилениот пијалак да му недостасува шеќер, да е претерано јак или премногу водест.

Проверете, можеби сте направиле една од овие грешки во текот на подготовката:

1. Преварување на кафето

Кога кафето има горчлив вкус, тоа е знак на претерано варење. Понекогаш, и погрешното или старо лонче може да биде причината за горчливиот вкус, па затоа променете го.

Во суштина, еспресото се вари 2ипол минути, турското 45 секунди во зовриена вода, а прженото кафе 6 минути.

2. Прежешка вода

Употребата на водата со правилна температура е пресудна за вистинскиот вкус и арома. 100 степени на водата е идеална температура кога во неа се додава кафето.

3. Игнорирање на односот кафе-вода

За најдобро кафе, треба да користите 2 лажици кафе и 180ml вода. Секако, ако сакате посилен вкус смеете да додадете уште малку кафе, но потрудете се да се придржите близу овој идеален однос.

4. Се бира најевтиното кафе

Економичноста е добра одлука, но евтините зрна кафе се најчесто најслаби.  Наместо да купувате кафе по ниски цени, купете поголемо пакетче со промоција. Можете и да се откажете од кафето во локалните кафулиња, па истите пари да ги вложите во високо квалитетно кафе за домашна подготовка.

6-greski-koi-site-gi-pravat-pri-podgotovkata-na-kafe-02.jpg

5. Неправилно чување

Ако сакате да ја одржите свежината на кафето, чувајте ја во затворена амбалажа, на студено и темно место. Стаклените и керамички садови со капачиња се најдобри за тоа.

6. Замрзнување на кафето

И покрај тоа што од некоја причина се верува дека со замрзнувањето на кафето се сочувува вкусот, реалноста е спротивна. Ако кафето не се чува херметички затворена, тоа го впива мирисот од ладилникот. Еднаш отвореното пакетче кафе никогаш не го чувајте во ладилник.

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg