5 пост-празнични пијалаци за детоксикација
Пијалаците за детоксикација се важни за сечиј организам, посебно ако вчера претеравте со скарата и алкохолот.
Надоместете ги витамините и минералите кои вчера заборавивте да ги внесете со само една шолја брз и здрав пијалак.
Еве каков избор имате:
Густ сок од манго и ананас
Не постои подобар начин денот да го започнете со чаша свеж сок кој е полн со хранливи материи, витамини и минерали. Мангото и ананасот ќе се изборат со штетното дејство на слободни радикали и ќе ги исфрлат токсините наталожени во системот за варење.
Сок од зеленчук
Ако не сакате да јадете салата, зошто зеленчукот не би го претвориле во сок. Покрај тоа, можете да комбинирате зеленчук со овошје за благ вкус или пак со додаток и зачин по ваш вкус. Зеленчукот му ја овозможува хидратацијата на телото, која е неопходна за ефективна детоксикација и за добар изглед на кожата.
Густ сок со зелен чај
Направете кашест сок од зелен чај и грејпфрут за двојно подобар ефект. Ќе го забрзате метаболизмот, а воедно и ќе внесете калиум и влакна. Овој сок е посебно корисен за оние кои претерале со алкохолот и оние кои со години не направиле детоксикација на телото.
Сок од лубеница
Рецептот е едноставен, а подготовката трае помалку од 5 минути. Потребни ви се неколку парчиња лубеница, лимон, листови нане и свежа вода. Овој пијалак е идеален за освежување на организмот, а покрај тоа ќе го поттикне правилното функционирање на бубрезите и ќе му помогне на организмот да се ослободи од насобраните штетни материи. Покрај тоа, делува и како енергетски пијалак.
Лимон и топла вода
Топлата лимонада од половина лимон и чаша вода е еден од најдобрите пијалаци за детоксикација. Подгответе си една чаша пред појадокот, пред ручекот и пред вечерата и ќе забележите разлика за само 1 ден. Држете се до овој план 21 ден и со сигурност ќе симнете некој килограм вишок.