Пијалаци за сите ситуации: Што да пиете кога сте гладни, нервозни, подуени?

Често се наоѓате во ситуација кога баш би сакале да имате едноставен рецепт или лек со кој брзо ќе се освестите, заситите или смирите.

pijalaci-za-site-situacii-sto-da-piete-koga-ste-gladni-nervozni-podueni-01

Купувањето специјални препарати и лекови не е секогаш достапно и на целата мака изгледа комплицирано.

Затоа постојат и т.н. „народни решенија“ кои може да ви помогнат во многу ситуации од секојдневието.

Сигурно имате млеко и ладна вода во фрижидерот, а не знаете за што сè може да ви помогнат.

Прегледајте ги кратките совети за неколку пијалаци кои може да ви се најдат:

1. Ако сакате да имате мускулна маса, пијте млеко. Во него има протеини и казеин кој содржи есенцијални аминокиселини.

2. Ако сакате да ослабете, пијте зелен чај или сок од грејпфрут. Со зелениот чај може да го забрзате метаболизмот и да ја контролирате тежината. Потребно е да внесувате 4 шолји од овој час за најдобар ефект.

Исто така, сокот од грејпфрут има големо влијание на тежината, а ако јадете барем половина грејпфрут со секој оброк ќе добиете уште подобри резултати.

3. За ревиталзација на мускулите пијте чоколадно млеко. Најважно после тренинг е да пиете многу вода. Но, чоколадното млеко може да ви помогне за телото побрзо да се ревитализира, поради односот на протеини и јаглени хидрати.

4. За настинка, пијте чај со мед и лимон. Внесувањето течности во организмот секогаш помагаат за надразнетото грло или затнатиот нос. Но, многу подобар и побрз ефект ќе постигнете ако во чајот додадете мед и лимон. Ако сте настинати, избегнувајте го млекото бидејќи тоа може да ја зголеми секрецијата.

pijalaci-za-site-situacii-sto-da-piete-koga-ste-gladni-nervozni-podueni-1

5. Медот може да помогне со кашлицата бидејќи ја премачкува задната страна на грлото, а поради благоста се лачи повеќе плунка која го смирува надразнетото грло. Покрај медот, внесувајте и повеќе течности кои ќе ви ја смират кашлицата.

6. Ако ви се приспие на сред ден, сигурно ќе посегнете по шолја кафе. Водата исто така може да ви биде од помош, посебно ако испиете една чаша веднаш по будењето.

7. За полесно да заспиете, напијте се топло млеко или чај од камилица. Во 19. век пијалокот Бренди бил многу популарен седатив. Но, ако сакате безалкохолна варијанта тогаш пробајте чај од камилица или шолја топло млеко и за кратко ќе заспиете.

8. За подобро варење во организмот чајот е најдобра напивка. Ако пиете вода додека јадете или по оброкот, го забрзувате метаболизмот и му помагате на организмот побрзо да ја свари храната. Истото својство го имаат и чаевите, особено чајот од нане. Додајте и малку цимет ако сакате уште подобар ефект.

pijalaci-za-site-situacii-sto-da-piete-koga-ste-gladni-nervozni-podueni-2

9. Ако пробате премногу зачинета и лута храна спасот не е во водата, туку во млекото и јогуртот. Со неколку голтки од овие пијалаци ќе ја смирите лутината.

10. Спасот за мамурлак се вода, џус и шејк од банана. Внесувањето вода е клучно за справување со мамурлакот. Но, ако е предоцна за тоа, направете си шејк од банана и спанаќ.

Овие состојки се богати со калиум кој ги надоместува изгубените електролити поради внесувањето премногу алкохол. Бидејќи алкохолот го намалува шеќерот во крвта, чаша џус може да помогне нивото на шеќер да се врати во нормала.

11. За да се ослободите од лошиот здив водата може да ви помогне. Киселините во кафето, џусот како и слатките пијалаци може да влијаат на вашиот здив, па најдобро би било да се ослободите од нив со чаша вода.

12. За да ја смирите гладта помеѓу оброците треба да пиете вода, а ако се напиете млеко може да се чувствувате сито и подолго време.

pijalaci-za-site-situacii-sto-da-piete-koga-ste-gladni-nervozni-podueni-3

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg