Подгответе: Варено вино по рецепт на Џејми Оливер
Еден од омилените зимски пијалаци кои ве загрева и расположува истовремено, сега имате можност да го подготвите по рецепт на врвен готвач.
За сите кои сте во потрага по усовршување на омилениот рецепт, Џејми Оливер ви нуди ароматично уживање.
Состојки:
- 2 мандарини
- 1 лимон
- 1 лимета
- 200g шеќер
- 1 стапче цимет
- 3 лаворови лисја
- 1 лажичка арома од ванила
- 2 литри црно вино
Подготовка:
Излупете ја кората на мандарините, лиметата и лимонот и исечкајте ги на мали коцки.
Во голем лонец ставете го шеќерот и оставете го да се растопи, а потоа додајте малку изрендана кора од мандарините. Постепено истурајте го сокот од мандарина, лимон и лимета.
Додајте го стапчето цимет и аромата од ванила. Продолжете да варите уште 5 минути.
Откако сирупот во лонецот ќе зоврие, оставете го да се подолади, па дури тогаш додајте го виното.
На тивок оган уште еднаш загрејте ја течноста, колку да се соедини. Внимавајте, не смее да проврие.
Наточете во чаши, додајте по 1 стапче цимет, парче портокал и уживајте!