Совршено освежување: коктел од лубеница

Се прашувате како обичната лубеница да ја претворите во освежителен и благ пијалак? Ви нудиме интересно, уникатно и пред сè неверојатно вкусно решение на кое веруваме дека нема да одолеете.

od-obicna-lubenica-do-koktel-na-tocenje-01

Ќе ви биде потребна една голема и слатка лубеница, вотка по желба, ванила арома, сок од ананас, ситно сецкан лед и неколку резанки лимон.

А за да ја претворите лубеницата во сад за коктел потребни ви се: Остар нож, голема лажица, голем сад, пенкало или маркер, мини бушилица и еден комплет за точење на пиво. Може да започнете...

od-obicna-lubenica-do-koktel-na-tocenje-02

Исечете го горниот дел на лубеницата, а потоа со голема лажица извадете една третина од внатрешноста, а останатиот дел убаво иситнете го.

Откако ќе добиете течност помешана со парчиња лубеница, истурете го алкохолот и аромата по желба.

Следно е правењето на малечко дупче во кое ќе треба да го вметнете комплетот за точење на пиво. Со силни навртувања, за само неколку минути ќе добиете интересен сад од кој ќе тече неодолив коктел.

od-obicna-lubenica-do-koktel-na-tocenje-03

Декорирајте по желба, послужете и разладувајте се!

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg