Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 06-02-2025
QA Engineer 06-02-2025
QA Engineer 06-02-2025


За 5 дена ги топи масните наслаги – Како се прави чајот што Јелена Ѓоковиќ го пие секое утро?

Доволно е само 5 дена да пиете од овој чај за да го забрзате метаболизмот, да го поттикнете варењето на храната и на тој начин да го забрзате слабеењето. Извајаните стомачни мускули на Јелена Ѓоковиќ се резултат на напорните вежби, но наводно и на овој чај, со кој го започнува денот.

za-5-dena-gi-topi-masnite-naslagi-kako-se-pravi-magichniot-chaj-shto-jelena-gjokovikj-go-pie-sekoe-utro-i-so-nego-ostanuva-vo-top-forma-01.jpg

Познато е дека Новак и Јелена Ѓоковиќ се мошне внимателни кога станува збор за нивната исхрана, а сопругата на најдобриот тенисер во светот честопати знае на социјалните мрежи да објави предлози со вегански алтернативи и рецепти за здрава исхрана.

za-5-dena-gi-topi-masnite-naslagi-kako-se-pravi-magichniot-chaj-shto-jelena-gjokovikj-go-pie-sekoe-utro-i-so-nego-ostanuva-vo-top-forma-02.jpg

Јелена речиси секогаш го бодри својот сопруг на трибините, таа е директорка на фондацијата Ѓоковиќ, а од видеата што ги објавува може да се види дека редовно вежба „капуера“, односно африканско-бразилска борбена вештина, која комбинира елементи од боречки вештини, музика и танц.

Освен што редовно вежба со нејзиниот тренер Марсен Сантос, Јелена во една прилика откри дека никогаш не пие кафе, а денот го започнува со чај од куркума, што ѝ помага да остане во топ форма.

Куркумата се смета за мошне здрав зачин, кој влијае позитивно врз целиот човечки организам, но најмногу на црниот дроб. Освен што го зајакнува имунитетот, куркумата го забрзува варењето на храната и се користи и за слабеење.

za-5-dena-gi-topi-masnite-naslagi-kako-se-pravi-magichniot-chaj-shto-jelena-gjokovikj-go-pie-sekoe-utro-i-so-nego-ostanuva-vo-top-forma-07.jpg

Овој зачин, што традиционално се употребува во индиската кујна, ја зголемува внатрешната температура во целото тело и на тој начин го забрзува процесот за разградување на мастите, со што се забрзува метаболизмот, но и трошењето на калории.

Куркумата честопати се користи како зачин во комбинација со ориз, лисест зеленчук, мешунки или месо, но Јелена откри дека таа редовно сака да ја консумира како чај.

za-5-dena-gi-topi-masnite-naslagi-kako-se-pravi-magichniot-chaj-shto-jelena-gjokovikj-go-pie-sekoe-utro-i-so-nego-ostanuva-vo-top-forma-04.jpg

За да го забрзате метаболизмот, да го подобрите варењето на храната и да го забрзате процесот на слабеење, потребно е околу 5 дена да го пиете чајот од куркума.

Сепак, консултирајте се со стручно лице пред да започнете да го консумирате и внимавајте да не го пиете предолг период. 

Погледнете како се подготвува чајот во продолжение:

Потребни состојки:

  • ¾ мала лажичка куркума;
  • 2 големи лажици домашен мед;
  • 3 мали филџани вода;
  • Малку млеко.

Начин на подготовка:

  • Во мало тенџере или ѓезве се ставаат 3 филџани вода и во нив се додава куркумата;
  • Чајот се вари додека не остане течност што е доволна за да наполните околу 2 мали филџани чај;
  • Чајот се процедува, му се додава мед и по желба малку млеко.

za-5-dena-gi-topi-masnite-naslagi-kako-se-pravi-magichniot-chaj-shto-jelena-gjokovikj-go-pie-sekoe-utro-i-so-nego-ostanuva-vo-top-forma-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg