„И јас ја пробав диетата на Викторија Бекам – лицето ми блескаше, но се чувствував ужасно, oва не е живот“

Осми ден

Вечерва, од самата помисла на риба ми се лоши. Копнеам за печено месо и чипс. Додека ја гледам рибата во чинијата, ми се превртува стомакот. Успеав да земам неколку залчиња, пред да почне да ми се повраќа.

Читав дека Викторија Бекам користи ментол бонбони и кокосова вода за да го надмине гладот, па така седнав на каучот и изедов цело пакетче бонбони, а се измачував себеси гледајќи десерти на Google.

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-02.jpg

Десетти ден

Денот е прекрасен, па отидовме на излет со скара до локалниот базен. Насекаде има пиво и коктели, но јас не смеам да пијам – па наеднаш станувам очајна за еден коктел.

Викторија Бекам пие алкохол во одредени прилики, но јас ја држам нејзината диета само две недели и сметам дека сè уште не сум заслужила да правам отстапки. Јадам јаготки и завидливо гледам како другите мајки уживаат во коктелите.

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-07.jpg

Тринаесетти ден

Се гледа крајот на диетата и затоа прославивме во локален рибен ресторан, каде персоналот без проблем одговори на моите барања во поглед на храната. Јадев свежа скумрија печена на скара, но ми фалеше чаша вино.

Сепак, забележав дека веќе немам кризи за шеќер, имам повеќе енергија и спијам подобро.

dve-nedeli-ja-drzhev-dietata-na-viktorija-bekam-liceto-mi-bleskashe-i-nemav-krizi-za-blago-no-se-chuvstvuvav-mizerno-07.jpg

Заклучок

Дали се чувствував добро? Да. Дали ми блеска кожата? Најверојатно – не користам веќе пудра. Но, дали ќе продолжам? Не.

Оваа диета не ти дозволува да уживаш во животот, дополнително невозможна е за одржување со моменталното покачување на цените. Потрошив цело богатство – од 10 до 12 фунти дневно (11 до 14 евра) само на риба.

Кога ќе се додадат зеленчукот, авокадото, кокосовата вода, ментол бомбоните и суплементите од колаген, тоа е над 150 фунти (175 евра) неделно само за мојата храна, без да купам нешто за децата.

Но, тоа што си дадов себеси задача да се грижам за себеси направи да се чувствувам посилно и поослободено, па сега водам повеќе сметка за тоа што јадам. Не бев свесна колку многу компирчиња крадам од чиниите на децата, додека не престанав да го правам тоа.

Не знам дали сум изгубила килограми, но признавам дека фармерките ми се покомотни и веќе не сум подуена.“

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg