„За 90 дена ослабев 20 килограми - беше тешко, но горда сум на себе“

„Сè на сè после 90 дена режим на исхрана и редовно вежбање и пешачење мојата вага покажуваше 65 килограми. На жена со висина од 1.72cm, јас сум сосема исполнета и задоволна“ - авторка на CRNOBELO.com ја споделува својата приказна за борбата со килограмите и како диетата „Обединети нации“ ѝ помогнала да ослаби 20 килограми.

od-85kg-na-65kg-i-gorda-na-uspehot-01.jpg

Жена како жена, секогаш во борба со вишок килограми. Една од нив и јас. Одбивав да се качам на вагата, ќе скриев понекогаш неколку килограми од најблиските, ќе се камуфлирав во поширока облека за вишокот да не излезе на површина. Сè до еден момент кога влегов во светот на здравиот начин на живот.

Се обидов да се хранам правилно, редовно и разновидно, но сепак моите 85 килограми, стагнираа на вагата со месеци. Па, така се решив храбро на диета.

Диетата „Обединети нации“ ми го смени животот, телото и метаболизмот на траен начин.

Сè на сè, на пазарот ќе најдете сè и сешто, ќе прочитате многу, ќе се изгубите во состојките што не секогаш се својствени за наше поднебје, а и се доста скапи, но најмногу од се, ќе губите скапоцено време приготвувајќи храна која нема да ве задоволи.

Секако, пред да ја почнете оваа диета задолжително е прво да се консултирате со лекар за да бидете сигурни дека можете и смеете да се придржувате до режимот на исхрана.

Што се крие зад оваа диета?

Прво желба. Истрајност и многу дисциплина цели 90 дена. Толку трае целиот процес.

Да, ќе има моменти кога ќе биде тешко. И, кога ќе згрешите, па ќе имате грижа на совест.

Ќе има и денови кога ќе биде нервозни, па ќе посегнете по храна.

Меѓутоа не очајувајте. Ништо не е страшно.

Овие ваши предизвикувачки 90 дена ќе започнат исто како моите. Со соочување на вага, реална ситуација на обем на гради, струк, колкови, нозе и раце. Не е лошо ова да си го запишете во некој бележник, како би можеле да правите редовни месечни мерења и споредби.

od-85kg-na-65kg-i-gorda-na-uspehot-02.jpg

Појадокот е ист секој ден.

Овошјето е задолжително да се јаде наутро бидејки најбрзо ќе му даде енергија на организмот. Две парчиња овошје со исклучок на банана. На почетокот признавам дека ова е најтешкиот момент, и со душа чекате ручек време, но со тек на време станува навика, па така ќе балансирате меѓу појадокот и ручекот со вода и шолја кафе, чај.

Исхраната е поделена во 4 дена. Ручекот е цел оброк во комбинација со бистра супа и салата, а вечерата е половина од ручекот (што ќе ви отстапи дополнително слободно време, бидејќи количината од ручек ќе си ја дојадете и нема потреба од готвење повторно).

1 ден – Протеински ден 

Mесо, варено или печено (количина од околу 250gr порција) или 2-3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини.

Бистра супа без тестенини.

На вашето мени може да се застапени и сирењето, млекото, кашкавалот, но во тој случај правете баланс на состојки или намалете на количина.

Вечерата е половина од вашиот ручек, но овојпат без супа во комбинација. 

2 ден – Скробен ден

Денот на манџи, доколку сте љубител на боранија, грашок, грав, спанаќ, ориз, компир.

Внимавајте да биде посна, без месо и со што повеќе зеленчук.

Од зачини практикувајте мала количина на зејтин, сол, вегета и доматен сос.

Ако сте љубител на леб – дозволено е само едно парче.

Вечерата е исто како ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите.

3 ден – Јаглехидратен ден

Ова веројатно ќе биде вашиот омилен ден, како што ми е и мене.

Се јадат варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифлички – нормално без сирење.

Вечерата е зачудувачка за сите што не ја правеле диетава - две парчиња торта, или три-четири колачиња, четири топчиња сладолед.

Задолжително е еден ред чоколада за готвење.

Иако изгледа страшно и конфузно, верувајте дека е проверено.

4 ден – Овошен ден

Ручек и вечера само мешано овошје, колку што сакате. Иако јас преферирав да биде зеленчуков ден, бидејќи овошјето не ми е најголем фаворит, а може да го конsумирате во вид на смути, цеден сок, сирово или варено доколку е зеленчук.

Секако, резултатите може ќе бидат подобри доколку внесувате само овошје, но не е погрешно и да комбинирате доколку забележите дека тоа повеќе му одговара на вашиот организам.

По циклусот од 7x4 дена, односно 28 дена (трипати во текот на диетата) се држи воден ден. Се пие само вода евентуално може да додате и чај, но без шеќер.

После овошниот и водениот ден се продолжува со протеински ден. Кафе и чај може да пиете, но без шеќер.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg