6 навики поради кои диетите не ви делуваат
По 35-тата година, метаболизмот значително се забавува, килограмите се таложат и многу потешко е да ја контролирате тежината.
Кои 6 навики дополнително го забавуваат метаболизмот и се всушност, главните виновници зошто диетите не ви делуваат?
Недостаток на калории
Луѓето кои го намалуваат внесот на калории и се согласуваат на драстични диети не се ни свесни дека со тоа дополнително го забавуваат метаболизмот.
Се ограничувате
Разновидната исхрана е клучот на добрата линија, па потребно е само да ги исфрлите празните калории и слатките. Остатокот нека биде разновиден.
Недостаток на протеини
Со доволен внес на протеини, работата на метаболизмот расте за 30%, па не го скратувајте согорувањето на мастите и јаглехидратите и консумиајте протеини.
Статичен начин на живот
Секоја диета без да бидете физички активни е гарантиран неуспех. Лекарите препорачуваат 20 до 40 минути движење дневно.
Хроничен недостаток на сон
Ако спиете помалку од 7 до 8 часа секоја вечер, телото доживува стрес. Во просек, ненаспаниот човек јаде 300 до 500 калории повеќе.
Консумирате слатки пијалаци
На телото му недостасува вода, не кафе со шеќер или сладок сок. Ако често пиете смути, сокови, кафиња и чаеви со шеќер, не го сметајте тоа за внесување на течности.
М. Д. | Црнобело