„Почнувам после одморот“ - Кои се најдобрите, а кои најлошите денови за започнување диета?

Една од најтешките одлуки за луѓето кои се борат со вишокот на килограми е – кој е вистинскиот момент да се започне со диета? Добро познатата „почнувам од утре“ речиси никогаш не се остварува. Вртењето нова страница изгледа многу потешко отколку што мислиме.

Koi-se-najdobrite-a-koi-najlosite-denovi-za-zapocnuvanje-dieta-01.jpg

Па кога е најдобриот, а кога апсолутно најлошиот момент да се започне со диета?

НАЈДОБРИ ДЕНОВИ

После роденденот

Истражувањата покажуваат дека луѓето се многу повеќе подготвени да им се посветат на зацртаните цели после одредени важни датуми, како роденденот или именденот. Тогаш се особено мотивирани, бидејќи во заднината на умот им свети идејата „Не сакам и на следниот роденден да изгледам исто како на денешниот“.

Понеделник

Да, многу пати сме ја слушнале реченицата „Почнувам од понеделник“. Но, верувајте – понеделник е идеален ден за нов почеток. Луѓето го доживуваат како копче за ресетирање и се високо мотивирани да издржат. Воедно, после викендот кој најверојатно бил исполнет со слатки и калорични јадења, понеделник е одличен ден за детокс, здрава храна и нови навики.

После големи животни промени

Сте се преселиле во нов стан или куќа или пак сте го смениле местото на живеење во друг град. Новата рутина е совршено време за нов почеток и нови животни навики. Луѓето се особено мотивирани со големите животни промени целосно да се променат и себеси – секако, на подобро.

НАЈЛОШИ ДЕНОВИ

Нова година

Можеби мислите – добро, сè уште е премногу рано, но остана помалку од половина година до почетокот на наредната. Како за беља, сите носат одлуки за слабеење токму на Новата година, очекувајќи истата да ја започнат на 1 јануари.

Шансите да се случи тоа се премногу мали. Искушенијата во смисла на храна се преголеми, а и кога луѓето си поставуваат превисоки цели, брзо се разочаруваат. Подобро ветете си нешто едноставно, но ефектно: Дека нема да јадете повеќе пред телевизорот или дека нема да јадете благо секој ден.

Кога имате премногу работа или некој голем проект

Кога сте затрупани со премногу работни обврски, на организмот му е потребна целосна концентрација, наместо да биде опседнат со тоа: што да подготвам за јадење, кога да го спремам, кога ќе го јадам… аман, кога ќе дојде времето за јадење?

Стресните околности не се најповолно време да ја тестирате вашата издржливост, упорност и мотивација.

Одлуките да се започне со диета кога имате премногу работни обврски најчесто имаат контра-ефект и завршуваат со двојно или тројно повеќе прејадување од вообичаено.

Петок и викенд

Едноставно е, последните 3 дена од неделата се најлошите за започнување на нови, здрави навики во поглед на исхраната.

Самиот мозок и тело се програмирани да се „опуштат“ по напорната работна недела. Ова е периодот кога сите сакаме да се разгалиме со нешто слатко, со пица и со алкохол. Шансите да се држите до диетата се премали, а разочарувањето големо.

По годишниот одмор

За многу луѓе, ова е периодот од годината кога целосно се опуштаат и јадат повеќе од вообичаено. И речиси сите го повторуваат истото: „Кога ќе се вратам дома, нема повеќе јадење“.

Можеби си правите план како после одморот ќе бидете ригорозни кон себе, па сега може да си дозволите некое колаче или коктел повеќе.

Но, ваквиот начин на однесување ќе ве врати многу чекори наназад. Немојте да планирате толку однапред, бидејќи ќе се прецените во можноста „лесно да ги симнете килограмите“ после одморот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg