Брза диета со која ќе ослабете за само 21 ден

Летото е веќе овде и сигурно почнувате да размислувате за слабеење. Доколку имате само неколку килограми вишок, можете да ја прилагодите диетата и да направите поблага варијанта.

brza-dieta-so-koja-kje-oslabite-za-samo-21-den-1.jpg

Како и да е, пред да се одлучите да ја започнете, најдобро е да се консултирате со нутриционист и лекар и редовно да го проверувате здравјето за време на диетата. Уште поважно е да си поставите реалистични цели.

За време на диетата во која е намален внесот на јаглехидрати, потребна е и физичка активност. Немојте да ставате премногу сол на храната, бидејќи солта ја задржува водата во телото.

Доколку немате премногу вишок килограми, тогаш е подобро да пробате друга диета...

Понеделник

Појадок: 1 портокал (или кое било овошје освен банана), 2 двопеци, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, половина марула

Вторник

Појадок: 1 парче овошје, 2 двопеци, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 1 шолја кафе или чај

Вечера: 125 грама мелено месо, 1 домат, 1 портокал, 1 двопек

Среда

Појадок: 1 парче овошје, 2 двопеци, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 1 марула

Вечера: 125 грама мелено месо, 1 домат, 1 портокал, шолја кафе или чај

Четврток

Појадок: 1 парче овошје, 2 двопеци, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 125 грама младо сирење, 1 портокал, 1 двопек

Вечера: 125 грама мелено месо, 2 домати, 1 јаболка, 1 двопек

Петок

Појадок: 1 парче овошје, 2 двопеци, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 200 грама печено месо или риба, 1 домат, 1 двопек

Вечера: 500 грама варен или печен зеленчук (морков, карфиол), 1 јајце

*** За време на викендите јадете нормално.

brza-dieta-so-koja-kje-oslabite-za-samo-21-den-01.png

Дополнителни совети

- Месото можете да го зачините со малку вегета.

- Во првите 5 денови ќе изгубите 3 до 5 килограми, а потоа следува брзо намалување на килограмите.

- Планот за исхрана повторете го 3 пати.

- Намирниците можете да ги консумирате топли или ладни, само важно е да ги јадете по точниот редослед.

- Исто така, немојте да пиете алкохол.

- Кога ќе ја постигнете посакуваната тежина, за да ја одржите јадете нормално, но воздржувајте се од засладени пијалаци, слатки и брза храна.

Во понеделниците јадете според следново мени:

Појадок: Лимонада без шеќер

Ручек: 1 јајце, 1 двопек, 1 домат (може и уште едно јаболко)

Вечера: 1 двопек, 1 домат (може и уште едно јајце)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg