5-дневно мени со исхрана која помага против целулит
Ако сакате да го намалите целулитот кој почнал да се појавува на површината на кожата, не мора да гладувате.
Постојат намирници кои помагаат во ослободувањето од целулит, но треба да бидете упорни.
Во вашето мени треба да бидат застапени протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати, но по овој редослед.
Во продолжение ви нудиме 5-дневно мени, кое може да го повторувате повеќепати додека да ја постигнете целта.
Ден 1
- Шолја млака вода со пола исцеден лимон
Појадок: овесна каша + прстофат цимет + 1 лажица чиа семе
Ужина: 1 шака бадеми
Ручек: 130 g месо по избор + 40 g ориз + 200 g варен зеленчук по избор + 1 лажичка маслиново масло
Ужина: 100 g јагоди
Вечера: 80 g туна + салата марула + 2 лажици маслиново масло
Ден 2
- Шолја млака вода со пола исцеден лимон
Појадок: 2 варени јајца + интегрално печено лепче + 1 лажица немасен сирни намаз
Ужина: протеинска плочка
Ручек: мешавина од варен зеленчук по избор
Ужина: 100 g јаболка
Вечера: 150 g ослиќ (или друга бела риба) + 250 g варен зеленчук + 1 лажица масло
Ден 3
- Шолја млака вода со пола исцеден лимон
Појадок: овесна каша + 1 лажица чиа семе + 1 шака боровинки
Ужина: 20 g бадеми
Ручек: 150 g мисиркин стек + 300 g благ компир печен без масло + салата валеријана + 1 лажица маслиново масло
Ужина: 1 парче цитрон
Вечера: 130 g пилешки стек + 200 g варена брокула + 1 шолја маслиново масло
Ден 4
- Шолја млака вода со пола исцеден лимон
Појадок: омлет од 2 јајца + 50 g авокадо
Ужина: 20 g лешници
Ручек: 200 g лосос филе + порција блитва со млад компир + 1 лажица маслиново масло
Ужина: 150 g јогурт
Вечера: 200 g посно сирење + 50 g јагоди или боровинки
Ден 5
- Шолја млака вода со пола исцеден лимон
Појадок: смути од 70 g авокадо + 3 dl бадемово млеко + 3 шаки спанаќ + 1 лажица цимет
Ужина: 20 g лешници или бадеми
Ручек: 200 g туна филе + млад варен компир + 1 лажица маслиново масло
Ужина: интегрален крекер + 1 лажица путер од кикирики
Вечера: 130 g пилешки гради + свеж зеленчук по желба + 1 лажица маслиново масло
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


