Тренер и нутриционист советуваат: Како да имате тело како ангелите на Victoria’s Secret?
Моделите на Victoria’s Secret, според повеќето важат за едни од оние со најдобро тело и најсекси фигура.
За да изгледаат така, тие секојдневно се грижат за својот изглед, со помош на правилна исхрана и физичка активност.
Доколку сакате барем приближно да ја постигнете нивната форма, или ве интересира како тие успеваат во тоа, прочитајте во продолжение.
Нутриционистот Ванеса Пакер и тренерот Цастин Гелбенд споделуваат професионални тајни за моделите и ве советуваат:
Јадете житарици за појадок
Тие се добар извод на енергија и даваат виталност, според нутриционистот на ангелите. Овесната каша е често препорачана за нив, а може да додадете бобинки, јаткасти плодови и семки за да ја направите повкусна и покорисна.
Не консумирајте шеќер
Моделите избегнуваат внесување на шеќер, посебно пред големите шоуа и фотосесии. Шеќерот нема никакви хранливи вредности и не му е потребен на телото.
Има многу други начини како да ја засладите храната природно, на пример, домашен и природен мед.
Правете разновидни вежби
Не е добра идеја секојдневно да практикувате исти вежби. Тренингот на моделите се состои од различни вежби – еден дел кардио, следниот – јога, третиот е интензивен тренинг, а следниот – истегнување.
Тоа им овозможува секој пат да предизвикуваат различна група на мускули.
По вежбање, пијте зелено смути
Тренерот и нутриционистот на ангелите препорачуваат секој ден по вежбањето да го пиете „зеленото смути“.
Тој е направен од овошје и зеленчук, може да се комбинираат различно, но ако сакате вистински сок како на ангелите, пробајте го овој рецепт:
- 1 банана
- 2 зелени круши
- Стапче целер
- 1 шака спанаќ
- Лимон
- Природен мед
Понекогаш разгалете се
Ако постојано се ограничување себеси, порано или подоцна тоа некаде ќе пукне и ќе се уништи трудот кој дотогаш сте го вложиле, вели нутриционистот.
Моделите се придржуваат до правилото 80/20, што значи дека ако јадат 80% здрава балансирана храна, можат да си дозволат 20% задоволство кое нема да им наштети.
И не заборавајте дека тие секојдневно вежбаат за да можат да си дозволат вакво разгалување.
Најдете време за одмор
Со интензивните подготовки за модните шоуа, моделите работат многу напорно и тренираат многу.
Затоа, понекогаш им е потребен целосен одмор, со цел да не бидат исцрпени и да не изгледаат лошо.
Редовниот, целосен сон и времето за релаксација се многу важни, па обидете се секогаш да си ги дозволувате.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


