Славни дами кои секој ден јадат иста храна
Еден оброк посебно ги воодушевува познатите убавици, а Викторија Бекам тврди и дека токму омилената храна ѝ ја спасила кожата.
Можете ли да замислите секојдневно да консумирате едно исто јадење? Овие славни дами имаат милиони на банкарските сметки, лични готвачи и пристап до најдобрите ресторани.
Но, кога е храната во прашање, нивните барања се прилично едноставни. Тие настојуваат да ја зачуваат витката линија и беспрекорниот изглед, а од некои оброци не можат да се откажат, колку и да сакаат.
Дознајте кои се дамите што секој ден јадат иста храна, како и што се наоѓа редовно на нивното мени:
Џенифер Гарнер
Бившата сопруга на Бен Афлек, сподели на Инстаграм дека денот без исклучок го започнува со здраво смути.
Колагенски прав, млеко и путер од бадеми, чиа семки, свеж спанаќ и боровинки се дел од состојките за напитокот што ја oсвои глумицата.
Ева Мендез
Ни латино убавицата Ева Мендез не сака да експериментира со исхраната.
Во разговорот за магазинот SHAPE, славната глумица изјави: „Храната ја гледам како гориво за моето тело. Израснав јадејќи ориз и грав, па сакам нешто зрнесто во секој оброк. За ручек вообичаено јадам лосос со ориз или киноа, а се обидувам да вклучам и салата. За вечера - пак истото. “
Што се однесува до појадокот, таа си подготвува нешто поразлично секој ден, најмногу со јајца.
Криси Тајген
Сопругата на Џон Леџенд задолжително вечера риба, полнета со лимон и рузмарин, а со прелив од маслиново масло и лук.
„Јадам по еден цел бранцин со лук на ден. Понекогаш и два. Не можам да запрам и тоа веќе е проблем.“, призна Криси на Инстаграм, покрај видеото на кое нејзината мајка ѝ ја принесува чинијата со омиленото јадење.
Кајли Џенер
Младата ѕвезда е толку вљубена во мексиканската кујна, што не може да замисли ниту еден ден без омилениот рецепт.
„Јадам такоси со ракчиња секој ден. Тако, гвакамоле сос, кромид, ракчиња... Се топат во уста... Ммм, ракчиња!“, изјави Кајли во реалното шоу „Life of Kylie“.
Марта Стјуарт
Жената која се прослави со рецептите за највкусни десерти, секое утро пие зелен сок.
„Во зелениот сок се крие силата!“, тврди таа. Марта во соковникот става свеж спанаќ, магдонос, круша, ѓумбир, портокал и краставица од нејзината фарма.