Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Славни дами кои секој ден јадат иста храна

Мараја Кери

Поп дивата се придржува до строг и едноличен режим на исхрана. Нејзиното дневно мени се состои од само две состојки.

„Навистина е тешко. Би ја мразеле мојата диета. Сѐ  што јадаете е норвешки лосос и капари секој ден. Толку.“, се пожали Мараја неодамна.

slavni-dami-koi-sekoj-den-jadat-ista-hrana-7.jpg

Ким Кардашијан

Ким секојдневно јаде салати од ресторанот „Health Nut“, кој се наоѓа во калифорнискиот град Калабасас, близу до домот на семејството Кардашијан.

Старлетата секогаш ја нарачува салатата со кинеско пилешко, а потоа пие коктел од зелен чај, сок од манго и мед, пренесува магазинот People.

slavni-dami-koi-sekoj-den-jadat-ista-hrana-8.jpg

Рита Ора

Британската пејачка, пак, секогаш јаде ист појадок. Утрото го започнува со омлет од белки и лосос. Наместо омлет, таа понекогаш каснува варено јајце, повторно со лосос.

Можеби ќе ве интересира и податокот дека згодната Рита никогаш не јаде леб. Во продолжение на денот се храни со пилешко месо и зеленчук, а пие и здрави сокови.

slavni-dami-koi-sekoj-den-jadat-ista-hrana-9.jpg

Бела Хадид

Многумина ги изненади фактот што една од најзгодните манекенки на денешницата, везден си ја чести душата со висококалорична храна.

Ова е мојот оброк секој ден.“, напиша Бела под сликата на која се гледа порција со полуизеден сендвич со стопен кашкавал, помфрит и малку кечап настрана.

slavni-dami-koi-sekoj-den-jadat-ista-hrana-10.jpg

Викторија Бекам

И славната модна икона е голема љубителка на рибата богата со омега-3 масни киселини.

Во една прилика, таа за „The Edit“ истакна дека токму таа намирница, на совет од дерматологот Харолд Лансер, всушност ѝ ја спасила кожата. „Мораш да јадеш лосос секој ден.“, ѝ рекол докторот на кого таа му ги припишува заслугите за својот тен, кој никогаш не ѝ бил подобар.

slavni-dami-koi-sekoj-den-jadat-ista-hrana-11.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg