Како на природен начин да ја постигнете посакуваната тежина за краток период?
Слабеењето не е воопшто лесна задача и многумина кои се обидуваат да го постигнат тоа постојано се тераат да заборават на одредени видови храна со цел да успеат.
Но, понекогаш не се работи само за храната која ќе ја избегнувате и нема да ја внесувате.
Многу често храната која всушност ја внесувате, прави да постигнете позитивен резултат во слабеењето.
Досега сигурно сте прочитале многу видови храна и пијалаци кои треба да ги консумирате, па на таа листа додадете уште нешто:
Ореви
Според истражувањата на странските универзитети, докажано е дека луѓето кои секојдневно консумираат ореви имаат 25% помалку шанса да бидат дебели и 21% помала шанса да имаат широк струк.
Испитаниците кои редовно консумирале ореви имале многу помала тежина и добро ниво на холестерол.
Сигурно мислите дека тоа не е возможно, бидејќи оревите се полни со масти и калории ако се јадат во голема количина, но тоа не е точно, а причината заради која оревите помагаат во слабеењето не е директно поврзана со процесот.
„Оревите се богати со растителни протеини, диетални влакна и здрави масни киселини, па благодарение на тоа тие можат да ве заситат и да ви го намалат апетитот“ – објаснува главниот истражувач.
Со оглед на многубројните бенефити, 50g ореви на ден ќе ве држат сити и ќе јадете помалку, а тоа ќе ви помогне да ослабете.
Освен тоа ќе внесете витамини, минерали, а и енергија која ви е потребна во текот на денот.
А, доколку сакате уште нешто што ќе ви помогне побрзо да ослабете, стекнете навика да консумирате домашно подготвен пијалак пред спиење.
Потребни состојки:
- 2 лажици мед
- 1 лажичка цимет
- 250ml вода
Начин на подготовка:
Ставете ја водата да зоврие, а потоа додадете го циметот и оставете да врие уште 2-3 минути. Тргнете го тавчето од оган, оставете да се излади и додадете го медот. Испијте половина чаша пред спиење.
Овој пијалак исто така има и лековито својство, а помага за:
- Високо ниво на холестерол
- Срцеви заболувања
- Артритис
- Слаб имунитет
- Настинки
- Болки во стомак
М. М. | Црнобело