Што влијае најмногу на вашата тежина?
Многу луѓе сакаат да ослабат и да ја намалат тежината, посебно во лето, но тоа не му успева на секого.
Понекогаш луѓето се обидуваат да направат сѐ што е можно за да стигнат до посакуваната цел, па дури и се одлучуваат на нездрави начини за губење на тежината.
Покрај толку многу начини кои сме ги прочитале и слушнале, популарни или непопуларни, сепак постои едно основно правило кое мора да го почитувате ако сакате да ослабете.
Правилна исхрана и умерена физичка активност е добро познат начин ако сакате да добиете здраво и обликувано тело, без последици.
Но, дури и овие активности нема да бидат толку ефективни ако не се држите до правилото за енергетски баланс.
Докажано е дека на нашето тело му е полесно да ја одржи веќе постоечката тежина отколку да се ослободува од вишокот. Правилото за енергетски баланс помага не само да ја намалите тежината, туку и да се спречи понатамошно дебелеење.
Според ова правило, треба да консумирате ист број на калории колку што можете и да потрошите, секојдневно. Во овој случај нема да се здебелите.
Кога внесуваме повеќе калории отколку што трошиме, тежината значително ќе се зголемува. А, ако консумираме помалку отколку што трошиме, тежината ќе се намалува.
За од прилика да знаете колку калории дневно трошите, погледнете ги овие пресметки:
- 8 часа спиење на ден: 260-300 калории
- 8 часа работа во канцеларија: 480-550 калории
- Пат од дома до работа и обратно со јавен превоз: 230-350 калории
- 1 час вежбање во теретана: 230-350 калории
- Друг начин на трошење (стрес, варење на храна итн.): 570-800 калории
- Ако сте машко, додадете уште 200-400 калории, во зависност од активностите.
Секако, ова не се 100% точни пресметки и може да варираат од човек до човек.
М. М. | Црнобело