Дали функционираат популарните трикови за слабеење?

Досега сигурно сте прочитале стотици трикови за брзо и лесно да дојдете до посакуваната форма на телото.

dali-funkcioniraat-popularnite-trikovi-za-slabeenje-01.jpg

Некои од нив можеби сте ги пробале, а другите „чекаат да им дојде редот“.

Сепак, за многу од нив не вреди воопшто да се обидувате и да губите време, бидејќи не се точни.

Ние издвоивме 11 популарни трикови, а вие дознајте кои од нив навистина функционираат и кои немаат никаков ефект.

1. Напијте се вода пред оброк

15-20 минути пред да јадете, напијте се чаша вода на собна температура. Водата ќе ве подуе и нема да ви се јаде, а плус топи калории.

Резултат: Не функционира. Можеби ќе успеете да го „излажете“ стомакот 10-тина минути, но потоа повторно ќе бидете гладни.

dali-funkcioniraat-popularnite-trikovi-za-slabeenje-02_copy.jpg

2. Ароматерапија

За време на готвење, апетитот може да ви се зголеми или намали, во зависност од мирисот кој може да му даде информација на мозокот дали сте најадени. Затоа е добро да мирисате јаболка, нане или ванила кога сте на диета.

Резултат: Делува, но не долго. Интензивниот мирис на ароматичните масла навистина го намалува апетитот, но не за долго. По половина час, може повторно да бидете гладни.

dali-funkcioniraat-popularnite-trikovi-za-slabeenje-03.jpg

3. Исчеткајте ги забите  со паста, наместо да јадете десерт

Вкусот на ментол од пастата за заби, му дава сигнал на мозокот дека вашиот оброк завршил.

Резултат: Функционира. Колку и да звучи чудно, дури и ако претходно сте гладни, откако ќе се измиете, нема да ви падне на памет да јадете уште некој час. Тоа е така бидејќи миењето заби го поврзувате со крај на денот и легнување во кревет да спиете.

dali-funkcioniraat-popularnite-trikovi-za-slabeenje-04.jpg

4. Јадете додека стоите

Многумина препорачуваат да јадете додека стоите, бидејќи така може да согорите повеќе калории. Побрзо се најадувате и јадете помалку.

Резултат: Функционира, но не како што кажуваат. Можеби ќе јадете помалку од вообичаеното, но не затоа што сте најадени, туку затоа што ќе се изморите од стоење со чинија во раце.

dali-funkcioniraat-popularnite-trikovi-za-slabeenje-05.jpg

5. Држете го приборот со другата рака

На пример, ако сте левак, држете го приборот и јадете со десната рака. Така ќе јадете помалку, бидејќи нема да можете долго да издржите.

Резултат: Не функционира. Не е толку тешко да се држи приборот во другата рака. Секако ножот и виљушката ги држиме во двете раце, па колку-толку сме навикнати.

dali-funkcioniraat-popularnite-trikovi-za-slabeenje-06.jpg

6.Јадете во темница

Ако јадете во темница, нема да гледате уште колку храна ви останала во чинијата и ќе завршите со оброкот кога навистина ќе ви биде доволно храна.

Резултат: Функционира. Тоа навистина е точно. Плус, јадењето во таква атмосфера, ќе ве натера да уживате во оброкот и да јадете полека.

dali-funkcioniraat-popularnite-trikovi-za-slabeenje-07.jpg

Уште 5 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg