Дали функционираат популарните трикови за слабеење?
7.Бирајте храна што се вари побавно
На оброци со речиси ист број на калории може да им биде потребно различно време за варење. Некогаш, за појадок е подобро да изедете 2 јајца, наместо мусли или овесни снегулки.
Резултат: Функционира. Житариците можеби побрзо се варат, но затоа за 1 час сте повторно гладни. Ако јадете омлет, тој ќе „ве држи“ најадени подолго време и нема да имате потреба од грицкање измеѓу главни оброци.
8. Дотерајте се пред да јадете
Кога јадете додека сте убаво облечени, потсвесно јадете побавно, покултурно и џвакате повеќепати.
Резултат: Вистина е. Кога сте облечени во нешто убаво се обидувате да не го извалкате и јадете повнимателно. Но сепак, одзема време постојано да ја менувате облеката...
9. Изедете 2 коцки црно чоколадо кога сте гладни
Дури и во помала количина, црното чоколадо ќе ве наполни со енергија, ќе ви го намали апетитот, а нема да ве здебели.
Резултат: Успешно! Неколку коцки црно чоколадо со над 70% какао, ја намалува гладта и желбата и потребата за нешто друго исчезнува. Ќе ве држи најадени најмалку 1 час.
10. Џвакајте ја храната 40 пати
Колку подолго ја џвакате храната, толку повеќе време има за мозокот да сфати дека сте најадени.
Резултат: Функционира. Ова е стар метод кои сите го знаеме. Секако, нема да можете секое залче да го џвакате толку пати, но во секој случај можно е да изедете помала количина, благодарение на овој метод. Освен што мозокот ќе знае кога сте најадени, и на вас ќе ви се здосади од толку џвакање.
11. Користете помали чинии
Наполнете ја чинијата со храна за да ви изгледа дека имате многу јадење, но земете помала чинија. Така ќе јадете помалку.
Резултат: Функционира. Истата количина храна изгледа поразлично во различни големини на чинија. Во голема чинија, ќе ви изгледа како да сте јаделе премалку и ќе сакате да дополните по неколкупати, а во малата ви изгледа како да сте изеле премногу и се задоволувате со помалку, па дури и ќе оставите.
М. М. | Црнобело