Спас во последна минута: 5-дневна летна диета со лубеница

Лубеницата е слатко овошје преполно со вода, кое одлично ја залажува желбата за храна и притоа поволно влијае на системот за варење.

spas-vo-posledna-minuta-5-dnevna-letna-dieta-so-lubenica-01.jpg

Влакната со кои е богата ќе ве држат подолго сити и ќе спречат прејадување.

Сепак, овој тип на исхрана не се препорачува долгорочно. Диетата држете ја само 5 дена и потоа направете пауза од 7 дена.

По потреба, потоа повторете.

Запаметете дека треба секојдневно да пиете по 8 чаши вода, чај или свежо цеден сок.

Појадок:

Секој ден е ист – парче лубеница и вашиот омилен утрински пијалак, кафе или чај, без шеќер. Парчето лубеница би требало да е околу 300-350g.

1 ден

Ручек: 100g варено говедско месо, 100g варен ориз со доматен сос и парче лубеница.

Вечера: 50g сирење, парче тостиран леб.

spas-vo-posledna-minuta-5-dnevna-letna-dieta-so-lubenica-03.jpg

2 ден

Ручек: Тост леб, 50g варени пилешки или мисиркини гради, парче лубеница.

Вечера: 100g печена риба на скара, парче тост леб и сезонска салата.

3 ден

Ручек: 30g шпагети со сирење и домат, парче лубеница.

Вечера: Мешана салата од домати, краставици, пиперки, кромид, зелена салата, 50g сирење и парче лубеница.

spas-vo-posledna-minuta-5-dnevna-letna-dieta-so-lubenica-04.jpg

4 ден

Ручек: Чинија супа од зеленчук, парче леб, 50g варено пилешко месо, парче лубеница.

Вечера: 2 варени компири со пармезан, сезонска салата, парче лубеница.

5 ден

Ручек: 50g варено говедско со шампињони, парче леб, парче лубеница.

Вечера: 50g младо сирење, 2 парчиња тостиран леб, парче лубеница.

spas-vo-posledna-minuta-5-dnevna-letna-dieta-so-lubenica-05.jpg

Внимание: Кај луѓето чувствителни на подигнување на шеќерот во крвта, потребна е консултација со лекар и задолжително комбинирање на лубеницата со намирници со низок гликемиски индекс, како јаткасти плодови, вишни, леќа, јаболка... Тоа не мора да биде во истиот оброк, но во растојание од неколку часа.

spas-vo-posledna-minuta-5-dnevna-letna-dieta-so-lubenica-02.jpeg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg