Протеини нема само во месото, може да ги пронајдете и во овие 5 растителни производи
Кога сте на протеинска диета или режим на исхрана главниот извор на оваа корисна хранлива група е месото. Но, по некое време јадењето месо здосадува, а некои пак не сакаат да го консумираат.
Ова се 5 одлични производи кои може да ги вклучите во исхраната и да ја добиете дневната доза на протеини која ви е потребна:
Соја
Одличен извор на протеин кој задоволува 11 до 13% од дневната потреба за одржување здрав имунитет, бидејќи една шолја од 220g содржи дури 17g протеин. Воедно, јадењето соја го намалува нивото на лошиот холестерол.
Јадете ја во умерени количини, а најдобро е да се консумира не премногу обработена. Одбегнувајте ги на пример шницлите од соја и дадете им предност на печената соја или пак тофуто.
Семе од коноп
Во 28g семе од коноп има дури 10g протеин. Семето од коноп е одличен извор на магнезиум и цинк, како и на витаминот Е, и витамините Б1 и Б2.
Користете го како директен додаток во салати (слично како семките од тиква, сончоглед или лененото семе) или пак додадете го во сокови или смутија.
Амарант
Точно 14.45g протеини се содржат во само 100g амарант. Оваа неверојатна житарка содржи неколку пати повеќе протеини отколку останатите житни култури и многу повеќе лесно искористлив калциум од млекото.
Најдобро е да се консумира сварена, откако претходно малку сте ја покиснале. Одличен извор на железо, магнезиум, манган, калиум, многу витамини (А, Б, Е, Ц, К), а содржи и фолна киселина. Особено важно е што амарантот не содржи глутен.
Киноа
Суперхрана која во една шолја содржи дури 43% од препорачаната дневна доза железо. Безглутенска како и амарантот, богата со растителни влакна, витамини и минерали, киноата е житарка која ќе ја обожувате.
Се подготвува брзо и лесно, многу набабрува и наварува (од една шолја сирова киноа се добива 3 шолји зготвена количина) и со 12g протеин во 100g производ, киноата одлично ќе се вклопи во протенската исхрана.
Чиа семки
Откако чиа семето ќе се помеша со течност како млеко, јогурт или сок, за 30-ина минути тоа набабрува и ја претвора во еден вид желатинска смеса, што го прави погодно за правење овошен пудинг, смути или каша.
Околу 20% од нивната структура е протеинска, а се апсорбираат брзо и лесно, Ќе ве снабдат со доволно витамини и минерали, како и енергија во текот на денот. Одличен додаток се и во салати или печива.
(O)Милена | Црнобело