Богата зимска диета - за слабеење и заштита од грипот
Зимската диета ќе ви помогне да ослабете, но и да го подобрите имунитетот за да се заштитите од грипот и вирусите кои постојано се пренесуваат во овој период од годината.
Зимската диета ќе ви го збогати менито со здрави намирници кои ќе ве одржат поенергични.
Прв ден
Појадок: 6 лажици корнфлекс, шолја јогурт, јаболко
Ужина: Чаша свежо цедена лимонада со мед
Ручек: Мисиркина супа, мисиркини ролни, варена брокула
Ужина: Парче тирамису
Вечера: Шампињони на жар, црн тост леб, чај од камилица со мед
Втор ден
Појадок: Качамак со шолја пробиотски јогурт
Ужина: 2 кивија
Ручек: Јунешка супа, бифтек на ловечки начин, парче црн леб
Ужина: Парче пита од тиква
Вечера: Витаминска салата, парче црн леб, чај од мајчина душица со мед
Трет ден
Појадок: Парче пита со младо сирење, шолја кефир
Ужина: Чаша свежо цеден сок од портокал
Ручек: Шницла, супа од моркови, парче ‘ржан леб
Ужина: 2 мандарини
Вечера: 2 варени јајца, парче црн леб премачкан со путер, зелен чај
Четврти ден
Појадок: Интегрална кифла со сусам, шолја јогурт
Ужина: Печена крушка
Ручек: Пастрмка на жар, варена блитва со лук, парче црн леб
Ужина: Чинија сутлијаш
Вечера: Капрезе салата, црн леб, чај од шипка со мед
Петти ден
Појадок: Црн леб премачкан со путер и џем од диви капини, чај од коњско опавче со мед
Ужина: Чаша сок од домати зачинет со парчиња нане
Ручек: Телешка чорба, телешка шницла на жар, варен морков, парче ‘ржан леб
Ужина: ½ црвен грејпфрут
Вечера: Леб од банана
Шести ден
Појадок: Енергетско смути со банана, шумско овошје и јогурт
Ужина: Печено јаболко со малку мед и зелен чај
Ручек: Пилешка супа, пилешко филе со мед и зачини, парче црн леб
Ужина: 2 кивија
Вечера: Палачинка со младо сирење, шолја кефир
Седми ден
Појадок: Проја, шолја пробиотски јогурт
Ужина: Неколку индиски ореви
Ручек: Мусака од компири, зелена салата со лимон и маслиново масло
Ужина: 2 мандарини
Вечера: Брускети со чадена туна, црн чај
Рецепти:
Бифтек на ловечки начин
Состојки:
- 300g бифтек
- 1 лажица доматно пире
- 1 домат
- 50g шампињони
- Лист зелена салата
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 шолја кисела павлака
- 10g путер
Бифтекот исечкајте го, посолете го и прелијте го со масло. Нека отстои 1 час. На путер испржете го од двете страни. Извадете го, па во останатото масло додадете го исечканиот кромид. Кратко потоа и лукот и шампињоните. Динстајте, па додадете ги доматите и доматното пире, малку вода, па ставете го месото. Динстајте 10-тина минути. На крај ставете ја и павлаката. Сервирајте на лист марула со ситно сечкан магдонос.
Брускети со чадена туна
Состојки:
- 2 домати
- 3 листа рукола
- 1 чешне лук
- 2 парчиња леб
- 3 лажици маслиново масло
- 50g чадена туна
- 1 лажица путер
Лебот испечете го додека не добие крцкава кора. Исечете го доматот ситно на коцки, додадете ја сечканата рукола, ситно сечканиот лук и зачинете со босилек по желба. Измешајте го и маслото во смесата. На препеченото лепче ставете малку путер, ставете по 1 лажица од доматите и одозгора ставете лист чадена туна.
Мисиркини ролни
Состојки:
- 1 парче мисиркино месо
- 5 свежи шампињони
- Праз
- Малку путер
- Неутрална павлака
- ½ главица кромид
- 1dl бело вино
Ситно сечканиот кромид испржете го на путер, па додадете половина од сечканите печурки и дел од празот, исто така ситно сечкан. Посолете, зачинете и пржете. Пилешкото месо наполнете го со филот и направете ролат. Преостанатите шампињони и праз допржете ги во тава и додадете бело вино. Исцедете. Во течноста ставете ја павлаката и зачинете. Добро промешајте. Прелијте преку месото.
Капрезе салата
Состојки:
- 100g моцарела
- 2 домати
- Малку босилек
- Маслиново масло
- Песто
Доматите и моцарелата исечете ги на кругови, па редете: парче домат, парче моцарела, малку песто, па лист босилек. Прелијте со маслиново масло.
Леб од банана
Состојки:
- 1 мека банана
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја масло
- 1 шолја брашно
- 1 јајце
- Малку сода бикарбона
- Малку прашок за печиво
- Цимет
- Индиски оревчиња
Направете тесто од шеќерот, маслото, брашното и јајцата. Додадете ја содата и прашокот за печиво. Бананата исечете ја на кругови и неа додадете ја во смесата. Распоредете во тава подмачкана со брашно и печете 35 минути на 180 степени. Кога лебот ќе биде готов, оладете го и пресипете со цимет и мелени индиски ореви.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



