Предлог две брзи диети: Слабеење до 5 килограми за 5 дена
Брзите диети се обвинети дека ги следи јо-јо ефект, односно дека изгубените килограми брзо се враќаат, но сепак, тие се и прилично популарни, бидејќи за краток период можете да изгубите и до 5 килограми.
Овие две диети ветуваат губење на 5 килограми во 5 дена:
Брза диета број 1
Трае 5 дена и секој ден се јаде истото.
Појадок: Било кое овошје освен банани.
Ручек: Една виршла и едно варено јајце.
Алкохолот, засладените сокови и млекото се забранети, но морате да внесувате по 2 литри вода течност секојдневно.
Диетата не смее да се држи повеќепати без пауза.
Брза диета број 2
Трае 7 дена, а предвиденото губење на тежината е од 5 до 6 килограми.
Прв ден
Се јаде само овошје, без банани. Овошјето е дозволено во неограничени количини, а најдобар избор е она кое содржи многу течности.
Втор ден
Се јаде исклучиво зеленчук кој може да биде свеж, зготвен или конзервиран, но треба да избегнувате мешункаст зеленчук. Се препорачува зелен и лиснат зеленчук. Зачините се дозволени, ама не и масло.
Трет ден
Се јаде и овошје и зеленчук. Зеленчукот се подготвува во форма на супа. Се комбинираат повеќе видови на зеленчук се варат и потоа се додаваат само зачини.
Четврти ден
Се јадат банани (до три дневно), немасно млеко и супа подготвена на истиот начин како претходниот ден.
Пети ден
Се јаде супата со еден оброк од 200g говедско месо и до 6 свежи домати во текот на денот. Говедското не смее да се пржи на маснотии.
Шести ден
Покрај супата се јаде и 400g говедско месо.
Седми ден
Исхраната е како и претходниот ден, со тоа што говедското го заменувате со интегрален ориз.
Диетата може да се води неколку циклуси, но мора да правите барем два дена пауза меѓу циклусите.
Забелешка
Овие диети можат да бидат исклучително тешки и штетни за човечкото тело. Па, пред да ги започнете најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. Имајте на ум, дека истите потенцијално штетно можат да влијаат на вашето здравје.
Овие диети се дизајнирани да бидат општа информација и не можат да се третираат како замена за медицински или стручен совет за намалување на килограмите.
Н. Г. | Црнобело