20 здрави и природни навики за рамен стомак
Иако е пожелно секој ден да правите барем една серија стомачни вежби, сепак постојат уште неколку навики и трикови кои побрзо ќе ви донесат рамен стомак.
Сите се природни и здрави, па нема потреба да се плашите да ги испробате:
1. Денот започнете го со чај од ѓумбир. Тој го забрзува варењето и го спречува подуениот стомак.
2. Наместо стандарден појадок, направете омлет од белки.
3. Каснете една банана во текот на денот. Таа е полна со калиум кој го регулира задржувањето на вода во телото.
4. Од исхраната исфрлете го лукот, артичокот, пченката, кељот, блитвата и печурките. Овие намирници се здрави, но предизвикуваат подуеност.
5. Избегнувајте слатки и енергетски чоколади кои содржат житарки и засладувачи.
6. Уживајте во јадењата со магдонос, затоа што тој е моќен регулатор на варењето.
7. Уживајте и во темното чоколадо со 70% какао.
8. Јадете повеќе мали оброци на 3-4 часа, наместо 2 обилни.
9. Јадете полека. Така го спречувате голтањето на воздух и му оставате на организмот доволно простор правилно да ја свари храната.
10. Соковите заменете ги со вода и лимон.
11. Избегнувајте газирани и слатки пијалаци. Меурчињата и шеќерот се најлошата можна комбинација.
12. Белиот леб и тестенините заменете ги со оние од цели зрна, заради влакната кои се клучни за доброто варење.
13. Избегнувајте масна храна која тешко се вари.
14. Барем 15 минути во денот пешачете.
15. Во текот на денот испијте уште една шолја чај од ѓумбир, но овојпат со цимет.
16. Прескокнете ги млекото и млечните производи кои ви создаваат подуеност.
17. Направете купка со шолја морска сол. Магнезиумот од солта го поттикнува потењето со кое ги исфрлате вишокот течности и токсини од телото.
18. Не дотурајте сол во храната. Солта ги задржува течностите во телото.
19. Ако сте гладни, грицкајте бадеми. Тие не ви го дујат стомакот, а ве заситуваат.
20. Алкохолот исто така ви голем непријател ако сакате да имате рамен стомак.
Д. М. | Црнобело