Лесни начини како да изгубите 3 килограми за 1 недела

Откако ќе претерате со месото, тестенините и салатите, и ќе почувствувате дека накачивте некој килограм кој ви пречи, време е да го пронајдете идеалниот план за слабеење.

lesni-nacini-kako-da-izgubite-3-kilogrami-za-1-nedela-01.jpg

Никој не би ви ги препорачал брзите диети или апчињата кои ви ветуваат совршена линија, па затоа ви нудиме апсолутно природни алтернативи.

Одберете си барем 4 лесни начини кои ќе ги комбинирате и благодарение на нив ќе ослабете 2 до 5 килограми за само една седмица.

1. Пијте многу вода

Не енергетски пијалаци, смути и свежи сокови - исклучиво вода. Другите течности во себе кријат шеќери и калории кои само ви ја влошуваат ситуацијата. Водата од друга страна, има 0 калории, јаглехидрати и шеќери, па слободно можете да посегнете по чашата кога и да сакате. Неколку парчиња лимон и нане во неа се секогаш добредојдени.


2. Ослободете се од белиот леб и тестенините

Променете си ја навиката да појадувате леб и да вечерате тестенини и веднаш ќе забележите промена. Фактот што нема да се чувствувате подуено, ви помага во сам старт. Белиот леб заменете го со житарици од цели зрна, а разните сосови за тестенини, како и самите макарони и шпагети - заменете ги исклучиво со свеж зеленчук.


3. Пијте кафе 1 час пред вежбање

Ова е единствен исклучок кој може да го направите од „воденото правило“ кое претходно го споменавме. Баш како што утринското кафе ве прави попродуктивни, така испиеното кафе пред тренингот ви го забрзува метаболизмот и ви дава енергија. Само, се работи за црно кафе без никакви додатоци.


4. Имајте секс во пози во кои вие сте горе

Не дека ви е потребен изговор да го наговорите партнерот на вакво нешто, но факт е дека ова е одличен начин да согорите неколку масти вишок.


5. 36 склекови и исчекори секој втор ден

Склековите го обликуваат горниот дел од телото, додека исчекорот работи на задникот, колковите и бутовите. Доволни ви се 3 сета од по 12 вежби секој втор ден.


6. Спијте дополнителни 30 минути навечер

Тој половина час сон ќе ви даде доволно енергија за да направите вистински избори во текот на денот. Со други зборови, кога сте наспани имате помала желба за шеќери и кофеин кои наводно треба истата да ја зголемат.


7. Откажете се од еден тип на храна

На пример, ако се откажете од чипс или десерт после вечерата, можете само да одземете неколку калории во текот на денот. Вашето тело нема да забележи толкава разлика, а долгорочните резултати се загарантирани.


8. Лосос за ручек

Полн е со хранливи состојки кои ги тонираат вашите мускули, а на кожата и даваат беспрекорен сјај. Плус, така нема да посегнете по парче мрсно месо.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg