Tрикови кои секој оброк го прават поздрав
Понекогаш финалниот производ е подобар ако не се придржувате строго до рецептот. Во овој случај, оброкот ќе ви биде поздрав. Ви ги откриваме најлесните начини за обичниот оброк да го претворите во здрав.
1. Овес наместо лебни трошки
За да добиете текстура како на лебните трошки, сомелете го овесот додека не стане зрнест. Користете го за сè она што претходно ги користевте лебните трошки.
2. Цитрон наместо сол
Ако наместо сол исцедите 2-3 цитрони во јадењето, ќе биде многу повкусно, а нема да има ни натриум. Нека ви стане навика да исечкате мали парчиња лимон и да ги сервирате кога јадете пилешко, риба, ориз и зеленчук.
3. Пире од авокадо, наместо путер
Истолчете го авокадото и од него направете пире. Тоа ќе биде добар намаз или прилог во сендвичот, а ќе внесувате по 75 калории помалку со секоја лажичка.
4. Брашно од цели житарки, наместо бело брашно
Брашното од цели житарки е неспоредливо поздраво од белото брашно, а вкусот не е многу различен. Користете бело брашно од цело зрно пченица за вкусни слатки.
5. Совети за вечера во ресторани
Оброците во рестораните често содржат калории кои ви се потребни за целиот ден. Следниот пат кога ќе јадете во ресторан, мислете на своето срце и направете го следново:
- Наместо леб, нарачајте брускети
Избегнувајте го лебот и во ресторан. Наместо него нарачајте брускети. Бидејќи се така мали, ќе можете да внимавате и колку ќе изедете.
- Повеќе зеленчук, помалку главно јадење
Наместо со главното јадење да добиете малку зеленчук, побарајте повеќе да доминира тоа, а помалку да има место. Лесно, а хранливо, не може да не биде здраво.