Направете летна детоксикација во 13 лесни чекори

Како што се ближи денот кога ќе морате да го покажете своето тело во бикини, сè попримамливи ви делуваат оние диети кои ветуваат чуда.

napravete-letna-detoksikacija-vo-13-lesni-cekori-01.jpg

Меѓутоа, наместо да се изгладнувате и да верувате во тие празни приказни, добро би било целосно да и се посветите на лесната детоксикација.

Здрава е, полесна за одржување и дава одлични резултати.

Овие 13 клучни чекори ве делат од успешно појавување на плажа:

1. Започнете со голема количина вода. Вашето тело е составено од 70% вода и потребни му се барем 6 до 8 чаши вода дневно за да остане хидрирано и за да ги исфрли сите токсини.

2. Намалете го количеството на алкохол и кофеин или потполно избегнувајте ги овие пијалаци. Тие ве враќаат чекор наназад, односно ви ја црпат водата од телото.

3. Избегнувајте преработена храна и внесувајте помалку месо, млечни производи и шеќери, Одморете го телото од варењето на овие тешки намирници.

napravete-letna-detoksikacija-vo-13-lesni-cekori-06.jpg

4. Јадете многу овошје и зеленчук, најчесто во свежа состојба. Посебно внесувајте голема количина на боровинки, јаболка, круши и сливи. Избегнувајте ги соковите затоа што се полни со шеќери.

5. Наместо грицки, консумирајте јаткасти плодови, семки, авокадо и круши за да внесете здрави масти кои се неопходни за нормално функционирање.

napravete-letna-detoksikacija-vo-13-lesni-cekori-07.jpg

6. Овесната каша и интегралниот ориз се одлични намирници кои ги содржат потребните влакна и ќе ви дадат доволно енергија во текот на целиот ден.

7. За време на детоксикацијата, консумирајте јогурт кој во себе содржи пробиотик. Ќе го подобри варењето и моментално ќе ви го зајакне имунитетот.

8. Ако консумирате голема количина на кофеин во текот на денот, престанете со негово консумирање најмалку 2 недели пред детоксикација за да ги избегнете несаканите последици. Дајте му време на организмот да се прилагоди.

9. Протеините внесувајте ги низ соја и леќа. Ако баш не можете без месо јадете риба или бело, пилешко месо.

10. Јадете помалку сол. Иако можеби ви недостасува на вкус, никогаш не знаете колку самото јадење е полно со природни соли.

napravete-letna-detoksikacija-vo-13-lesni-cekori-03.jpg

11. Започнете го денот со чаша топла вода и лимон за да го забрзате метаболизмот.

12. Ако не сте сигурни дали нешто смеете да каснете, само размислете за тоа колку е природно. Колку поприродно - толку поздраво!

13. Физичката активност нека ви стане дневна рутина. Ако не одите на тренинг, најмалку што можете да направите е да прошетате до работното место.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg