Здрави ужинки кои ќе ви помогнат да ослабете

Иако некои нутриционисти советуваат да се избегнуваат ужинките меѓу оброците, сепак, според некои истражувања, се покажало дека ужинките се добри за да ве заситат и да ве спречат во јадењето брза храна или во прејадувањето за време на ручекот и вечерата.

zdravi-uzinki-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-01

Сепак, тоа се однесува на избалансирани ужини. Докторката Лиса Јанг е нутриционистка на универзитет во Њујорк и открива што е најдобро да јадете за ужина.

Јаболко и путер од кикирики или бадеми

Јадете јаболко со путер од кикирики или бадеми. Јаболкото содржи малку калории, а многу хранливи влакна, додека путерот обезбедува мешавина од протеини и здрави масти кои ќе ве заситат подолг период. Бидејќи путерот има повеќе од доволно калории, внимавајте на обилноста. Доволна ви е само една лажичка.

zdravi-uzinki-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-1


Зеленчук и хумус

Измешајте го омилениот зеленчук со две до три лажички хумус. Колку е пошарен зеленчукот толку повеќе хранливи материи ќе внесете. Докторката Лиса препорачува мешавина од црвени пиперки, морков, краставица и брокула. Зеленчукот има малку калории, многу влакна и хранливи состојки, вклучувајќи антиоксиданси, додека хумусот содржи мешавина од здрави масти и протеини.

zdravi-uzinki-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-2


Фрапе со цврст јогурт

Во блендер ставете помалку масен цврст јогурт, додајте јагоди, банани и ленено семе. Оваа ужина ќе ви обезбеди многу протеини, јаглени хидрати и здрави масти. Лененото семе содржи омега 3 масни киселини кои се добри за срцето, додека поради влакната од овошјето подолго време ќе бидете сити.

zdravi-uzinki-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-3


Крекери од цели житарки со сирење и исечкан домат

Купете ги омилените крекери од цели житарки, на нив ставете тенко парче сирење и парче домат. Од целите житарки ќе внесете многу хранливи влакна, а малку масти. Сирењето пак, ќе ви обезбеди протеини, калциум и некои здрави масти. Доматот ќе ви даде доза витамин Ц и антиоксидансот ликопен.

zdravi-uzinki-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-4


Омилената супа со зеленчук

Супите се совршена ужина, ако се хранливи. Најдобра е супата со грав бидејќи содржи мешавина од протеини, јаглени хидрати и хранливи влакна. Покрај неа, добри се и супите со грашок или леќа.

zdravi-uzinki-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-5

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg