Мали промени во исхраната кои даваат големи резултати

Добро осмислениот избор на намирници и внимателната припрема може да ви помогнат да ослабете без диета.

mali-promeni-vo-ishranata-koi-davaat-golemi-rezultati-01

Најлесниот начин за здрав живот и намалување на килограмите е да воведете мали промени во секојдневната исхрана.

Ова се неколку предлози за мали промени кои нема ниту да ги забележите, а вашето тело ќе ви биде благодарно.

Наместо свински врат - свинско филе

Свинското филе има помалку масти, а повеќе белковини од свинскиот врат. Покрај тоа, разликата во калории е огромна. На 100 грама месо, разликата е речиси 300 калории.

Месото секогаш печете го на скара или тефлон, со минимална количина на масло

Наместо похован модар домат - оберете печен

Модриот домат има 20 калории на 100 грама, меѓутоа ако го валкате во брашно и го пржите во масло, на истата грамажа ќе достигне дури 720 калории.

Наместо полномасен јогурт - диетален јогурт

Полномасниот јогурт со 3,5 млечни масти има околу 63 калории на 100ml. Наспроти него, јогуртот со 0,5 масленост има само 40 калории.

Иако на прв поглед ви делува како мала разлика, имајте на ум дека јогуртот се пие секојдневно, па на крајот од месецот ќе “заштедите” неколку илјадници калории.

Наместо двопек - обичен леб

Во многу диети не советуваат како двопекот е добра замена за класичниот леб, но еве зошто тоа е погрешно.

Обичниот леб, без никакви додатоци и семки има 250 калории, додека двопекот има 450. Затоа, ова тврдење во старт е погрешно.

Наместо класичен џем - одберете џем без шеќер

Џемот кој се прави само од овошје е феноменален сладок додаток без шеќер. Ако 1 kg овошје има 500 калории, со додавањето на килограм шеќер тие се зголемуваат на бројка од над 4.000 калории.

Затоа, погрижете се домашните џемови да ги подготвувате без шеќер, во корист на линијата и здравјето.

Наместо помфрит - компир во рерна

Компирот никако не смеете да го избегнувате, само треба да го подготвите на правилен начин.

100 грама компир има 80 калории. Доколку го пржите бројот на калории се зголемува за 4 пати, додека ако го печете во рерна без масло ќе има 100 калории на 100 грама.

Изборот е ваш!

Би можело да ве интересира:

„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg