Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најлудата диета до сега: Изгубете без мака 5 до 9 килограми

izgubete-bez-maka-5-do-9-kilogrami-povekjeЗаборавете што сте слушнале до сега! Прочитајте ги советите на еден британски фитнес тренер како да ја доведете својата линија до совршеност за ова лето.

 

1. Прескокнете го појадокот

Со овој совет лекарите сигурно нема да се согласат, бидејќи појадокот е најважниот оброк. Но за оваа диета, како што тврди фитнес тренерот, потребно е шест до осум недели да го прескокнувате појадокот и да се движите додека сè уште не сте јаделе, бидејќи така вашето тело ќе биде принудено да ги троши складираните маснотии.

2. Капете се со студена вода

izgubete-bez-maka-5-do-9-kilogrami

Студената вода секое утро ќе го натера телото да ги троши складираните маснотии за се загрее и значително ќе ви се забрза метаболизмот во наредните 12 до 15 часа. Температурата на водата треба да биде помеѓу 15 и 20 степени и длабока до вашиот папок кога седите во кадата. Доволни се 15 минути.

3. Време за кафе

Кога ќе се избањате, време е за кафе на празен стомак. Кофеинот делува телото побргу да ги согорува маснотиите кога се пие на празен стомак. Доволна е една мала шолја кафе, никако со шеќер или млеко.

4.  Движете се

Идеално би било активно да вежбате, но ако за тоа немате време, секој ден пешачете барем половина час. 

5. Почнете да јадете

Веројатно веќе сте слушнале од многу диети дека ако јадете помалку, но почесто, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ослабите. Но ако немате пауза помеѓу оброците, вашето тело не може да ги согори складираните маснотии. Најдобро е да имате три оброци дневно, без грицки помеѓу.

Идеално би било првиот оброк да ви биде за време на ручек, а другите два по ваша желба (пр. во 16 и 20 часот), со тоа што вечерата треба да биде барем два часа пред да одите на спиење.

6. Намалете ги јаглените хидрати

Секој оброк треба да биде составен од 50% протеини. Добри извори на протеини се пилешкото, јунешкото, јагнешкото, рибата, јајцата, обичниот полномасен јогурт, оревестите плодови, леќата итн.
Можете да јадете зеленчук колку што сакате, освен цвекло, морков и компир, кои се сметат како јаглени хидрати.

Немојте да јадете повеќе од три овошја дневно, а најдобар избор се авокадо, боровинки, грејпфрут, ананас, сливи и јагоди. Пијте многу вода и зелен чај,  а освен кафе, избегнувајте пијалаци со кофеин, благи пијалаци и алкохол.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg