Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор?
Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли зошто?
Диетите кои вклучуваат одредена временска рамка во којашто треба да се консумираат оброците, се доста популарни во моментов, а доктор откри во кој период е најдобро да појадувате, а кога да вечерате, ако сакате рамен стомак.
Докторот Нахед Али, кој е и нутриционист и автор на книги, во разговор со британските медиуми појасни дека јадењето во точно одредени термини може да ни помогне да го тренираме телото да го разработи метаболизмот и да почнеме да слабееме.
Тој вели дека е најдобро денот да се започне околу 6 часот, наутро, а да си легнеме околу 10 часот, со што ќе можеме да се држиме до природниот ритам на телото и да создадеме средина што ќе ни овозможи оптимална средина за горење на масните наслаги.
Следењето на точен распоред за исхрана може да ни помогне да го намалиме нивото на холестерол во крвта, да се избориме со воспаленијата и гладта, но и да го подобриме биоритамот на телото, кој го контролира образецот за спиење, лачењето на хормоните, апетитот, варењето на храната и телесната температура.
„Прифаќањето на овој пристап при планирањето на оброците, особено кога станува збор за појадокот и за вечерата, може да ја подобри способноста на телото брзо да ги согорува мастите.
Појадокот идеално би требало да биде еден час по будењето, или околу 7 часот наутро за да го активираме метаболизмот.
Вечерата, пак, од друга страна треба да се консумира околу 2 до 3 часа пред да си легнеме, околу 7 часот навечер, со цел телото да има доволно време да го свари јадењето пред метаболизмот да се забави за време на спиењето“.
На тој начин треба да се спречи консумирање храна доцна навечер, посегнување по нездрави ужинки и прејадување на само неколку минути пред да си легнете да спиете.
Според докторот, овој образец на консумирање на храната може да одигра важна улога во управувањето на хормоните за глад и чувствителноста на инсулин, па затоа кај лицата што се трудат да ослабат многу е важно да се води сметка за тоа во кој период од денот ја консумираат храната.
Сепак, мора да се напомне дека секој организам е различен и дека секој има различни потреби. Затоа, пред изборот на храната и започнувањето диети со т.н. постење, најдобро е да консултирате лекар или нутриционист.
Б. С. Б. | Црнобело