Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (видео)

Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас, краставица, ѓумбир и лимон и потребно е да го пиете 30-тина минути пред јадење за да ги стопите мастите.

hit-recept-za-pijalak-koj-gi-topi-mastite-i-pomaga-za-slabeenje-se-pie-30-minuti-pred-jadenje-i-ne-treba-da-gladuvate-01.jpg

Станува збор за здрав пијалак што не содржи додадени шеќери и конзерванси, а може да ви помогне во слабеењето затоа што ќе ви помогне да се чувствувате најадено и ја намалува потребата за грицки и нездрава храна.

На ТикТок профилот gettinghealthy_drt, фармацевтката која се претставува како д-р. Т редовно споделува рецепти за здрава храна и пијалаци што може да ви помогнат за решавање на голем број здравствени проблеми, а здравиот пијалак од ананас, краставица и ѓумбир треба да го пиете 30-тина минути пред јадење и ќе ви помогне да го стопите вишокот масти.

Овој пијалак не заменува оброк, туку служи за да го забрза процесот на варењето на храната.

Во коментарите под видеото своите искуства ги споделуваат девојките што веќе имале можност да го пробаат, а сите се изненадени од тоа колку брзо го прочистува организмот.

„Овој пијалак ми помогна со проблемите со варењето, но и со габичните инфекции“, „Пијте го дома, затоа што брзо ќе треба да одите во тоалет“, „Го пијам секој ден, а понекогаш додавам и малку спанаќ и зелено јаболко“.

Како се подготвува овој пијалак?

Потребни состојки:

  • 2 крукчиња свеж ананас (исечкан на коцкички);
  • 1 помала краставица (исечкана на коцкички);
  • Парче ѓумбир (околу 2cm исечкано на коцкички);
  • Сок од 1 лимон;
  • 750ml минерална вода.

Начин на подготовка:

  • Исечканите состојки се ставаат во блендер и им се додава околу 250ml минерална вода;
  • Се блендираат додека не се добие изедначена смеса;
  • Се додава уште 500ml минерална вода и сокот од лимон.

Видео упатство:

@gettinghealthy_drt

Fat burning Drink. Drink this 30 minutes before meals. Cucumber Ginger Pineapple & Lemons are great fat burning ingredients. #weightlossdrink #fatburningdrink #fatlossdrinks #cucumberdrinks #gingerdrinks #herbalpharmacist #doctorofpharmacy

♬ Infinite - Tarik

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg