Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена
Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења. Ако сакате да направите детокс на телото, тогаш пробајте ја 3-дневната диета со тиквички која е вистински хит во моментот.
Тиквичките се одличен извор на хранливи влакна, витамин Ц, витамин А, калиум и магнезиум. Нивната висока содржина на влакна ги прави одлична храна за поддршка на здравото варење и работа на дебелото црево.
Дополнително, тиквичките се богати со антиоксиданси кои можат да помогнат во намалување на воспаленијата во телото, што може да го намали ризикот од хронични болести како што се срцеви заболувања и рак.
Содржината на калиум во тиквичките исто така ги прави корисни за поддршка на здравјето на срцето. Калиумот е есенцијален минерал кој помага во регулирање на крвниот притисок и промовира здрава работа на срцето.
За детокс на телото, пак, можете да ја пробате 3-дневната диета со тиквички.
Во продолжение повеќе за диетата:
Диетата не смеете да ја држите повеќе од 3 дена. Ако имате здравствени проблеми, консултирајте се со нутриционист и со вашиот матичен лекар.
Прв ден
Појадок:
- 1 лажица урда
- 1 краставица (излупена)
- 1/2 домат
- 2 тврдо варени јајца (на јајцата можете да додадете каков било зачин)
- Незасладен чај (опционално)
Ужина:
- Кафе (незасладено)
- 1 порција овошје (1 праска, 1 нектарина, 1 јаболко, 1 чаша боровинки, 1 чаша јагоди и слично, но не и банана)
Ручек:
- 1 порција запржени тиквички со лук послужени со кисело млеко или јогурт
Ужина:
- 1 порција овошје
Вечера:
- Исто како ручекот
Ужина:
- 1 порција овошје
Втор ден
Појадок:
- Омлет од 2 јајца (со малку сол и зачини по избор), 1 лажичка путер и 1 лажица фета сирење
- 1 голема краставица
- 1/2 домат
- Незасладен чај (опционално)
Ужина:
- Кафе (незасладено)
- 1 порција овошје
Ручек:
- 1 порција рендани тиквички
- 2 лажици грчки јогурт
Ужина:
- 1 порција овошје
Вечера:
- Исто како ручекот
Ужина:
- 1 порција овошје
Трет ден
Појадок:
- 1 лажица урда
- 1 краставица (излупена)
- 1/2 домат
- 2 тврдо варени јајца (на јајцата можете да додадете каков било зачин)
- Незасладен чај (опционално)
Ужина:
- Шолја кафе (незасладено)
- 1 порција овошје
Ручек:
- 1 порција рендани тиквички (со малку сол и зачини по избор)
Ужина:
- 1 јаболко
- 1 чаша обезмастено млеко
Вечера:
- Исто како ручекот
Ужина:
- 1 порција овошје
M. Г. | Црнобело