Кул идеи за декорирање на домот, со предмети што ги имате дома (ќе ве чини 0 денари)

Наместо да ги фрлате стаклените шишиња од сокови и слично, можете да ги искористите како вазни. Со што друго можете да го декорирате и разубавите домот без да потрошите цело богатство?

evtini-idei-za-dekoriranje-i-organiziranje-na-domot-so-predmeti-shto-sigurno-gi-imate-doma-01.jpg

Ако сакате да го освежите домот, воопшто нема потреба да давате пари за скапи декорации.

За оваа цел можете да искористите предмети што сигурно веќе ги имате. Некогаш, пак, доволно е само подобро да организирате некои делови и веднаш да забележите разлика.

Неколку евтини идеи за декорирање и организирање на домот:

Украси со рециклирани предмети

Сигурни сме дека низ домот имате стаклени шишиња кои ги чувате со надеж дека некогаш ќе ви притребаат.

Па, сега имате можност да ги искористите – извадете им ги етикетите и претворете ги во вазни.

Искористете ја вашата креативност и размислете кои други предмети што само ви зафаќаат место можете да ги искористите како декорација.

evtini-idei-za-dekoriranje-na-domot-so-predmeti-shto-sigurno-gi-imate-doma-02.jpg

Сменете ја функцијата на некои детали

На пример, мекото ќебе што ви стои во дневната - ставете го како украс на креветот во спалната соба.

evtini-idei-za-dekoriranje-na-domot-so-predmeti-shto-sigurno-gi-imate-doma-03.jpg

Сменете ги навлаките на перниците

Дневната соба може да добие потполно нов изглед, ако само ги смените навлаките на декоративните перници.

evtini-idei-za-dekoriranje-na-domot-so-predmeti-shto-sigurno-gi-imate-doma-04.jpg

Направете си мал бар

Ако сте љубител на коктели, зошто да не си направите мало катче во домот само за таа намена?

Ако, пак, повеќе сакате кафе, направете си мини-бар за кафе.

Всушност ова катче не мора воопшто да биде за пијалаци, туку наменете го за кој било ваш интерес – читање, плетење, цртање…

evtini-idei-za-dekoriranje-na-domot-so-predmeti-shto-sigurno-gi-imate-doma-05.jpg

Свиткајте ги крпите во ролна

Крпите во бањата ќе изгледаат како стилска декорација ако ги завиткате во ролни, наместо да ги диплите една врз друга.

evtini-idei-za-dekoriranje-na-domot-so-predmeti-shto-sigurno-gi-imate-doma-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg