Кул идеи за декорирање на домот, со предмети што ги имате дома (ќе ве чини 0 денари)
Додајте висечки полици
Ако имате празен простор, лесно можете да го исполните со висечка полица.
Овие полици се релативно евтини и не само што ќе го разубават просторот, туку ќе ви дадат и екстра место за складирање.
Организирајте ги фиоките
Наместо да ги трупате алиштата во фиоките, купете мали корпи или организатори кои ќе ви помогнат полесно да се снаоѓате, но и ќе го подобрат изгледот на фиоките.
Истото важи и за фиоките во кујна.
Организирајте ги шкафчињата
Дури и најмодерната кујна ќе изгледа лошо ако шкафчињата ви се натрупани. Па, одвојте време да ги организирате подобро.
Користете тегли за складирање храна
Во домот сигурно ви остануваат тегли од кисели краставички, мајонез и слично.
Наместо да ги фрлате, измијте ги и искористете ги за складирање храна како ориз, леќа, па дури и тестенини.
Ако имате многу зачини, организирајте ги во мали тегли или купете садови за таа намена кои не се многу скапи.
Ставете ги растенијата на едно место
Ако во домот имате повеќе растенија, групирајте ги според тоа колку треба да се изложени на сонце, и сите растенија од една група ставајте ги на едно место.
На овој начин зеленилото ќе дојде до израз и значително ќе го подобри изгледот на просторијата.
Спирова С. | Црнобело